Баварците пристигаат со BMW 3.0 CSL и BMW M1 на парадата на легендите

bmw 3..0 csl

Пред стартот на Ф1-трката во Австрија викендов, неколку болиди и тркачки ѕвезди од 1970-те и 1980-те години ќе го доловат духот на старите времиња. BMW од својата музејска збирка извлече два автомобила пред коишто се поклонуваат фановите – не само на BMW

Викендов се вози следната Ф1-трка, на Ред Бул Ринг во австрискиот Шпилберг. Пред да стартуваат актуелните болиди, на патеката ќе продефилираат автомобилските и возачките ѕвезди од 1970-те и 1980-те години, во рамките на „Парада на легендите“. За подобра претстава, тоа се времињата кога во мотоспортот буквално вриеше пари, од спонзорства од алко и табак-корпорациите.

Вкупно единаесет возила ќе се појават на патеката. BMW пушта две свои легенди, излезени директно од фабричката збирка на олдтајмери, коишто се чуваат исто како платната потпишани од најголемите сликари во историјата: BMW M1 и BMW 3.0 CSL.

BMW 3.0 CSL освои шест титули во европската туристичка класа

Двата автомобила учествуваа во германскиот шампионат во мотоспорт, којшто се одржуваше од 1972 до 1985 година, како најважна и најпопуларна серија во туристичката класа во Европа. Во раните години возеа автомобили од групата 2, а меѓу нив и BMW 3.0 CSL, којшто беше развиен посебно за овие трки. Прочуената ознака е кратенка од Coupe, Sport, Leichtbau (купе, спорт, лесна конструкција). BMW го нудеше овој модел како круна на купе-серијата претставена во 1968 година. BMW 3.0 CSL освои шест титули во европската туристичка класа. Првата титула беше освоена уште во дебитантската година. Тогаш, во 1973 година, зад воланот беше Холанѓанецот Тоине Хеземанс. Тој повторно ќе го вози легендарниот автомобил годинава.

BMW M1 Procar 1979

Во 1977 година, во германскиот шампионат беа дозволени и возила до групата 5. Четири години подоцна, на стартната линија се најде BMW M1. Со огромни спојлери и моќност до 1.000 КС, предокот на сите „М“ беше еден од најспектакуларните автомобили во тие времиња. Дотогаш, М1 возеше во прокар-серијата, којашто беше оформена посебно за него. Трките во 1979 и 1980 година се одржуваа во тркачките викенди во Ф1 на европска почва.

M1 во Шпилберг ќе го управува поранешниот Ф1-возач Кристијан Данер. Едно име недостига, кога се спомнуваат мотоспорт и Австрија? Секако, не. Ники Лауда в недела ќе вози BMW 3.6 CSL Alpina, од сопствената колекција.

Претходна објаваДобавувач на авто делови ќе произведува електричен минибус
Следна објаваMcLaren 600LT ја круниса спортската серија од Вокинг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here