Србија ќе произведува делови за електрични возила за ZF

zf e-mobility srbija pancevo

Светскиот гигант ZF продолжува со проширување на производствената мрежа за компоненти за електирчни возила. Огранокот E-Mobility ќе гради нова фабрика во српско Панчево.

Почнувајќи веќе во 2019 година, таму ќе се произведуваат електромотори и генератори за хибриден и електричен погон, како и контролери за автоматски менувачи и микропрекинувачи. Фабриката ќе располага со површина од 20.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција изнесува над 100 милиони евра.

Како што на светскиот пазар рапидно расте продажбата на автомобили со хибриден и електричен погон, соодветно расте и побарувачката за електромотори и електрични погонски решенија од ZF.

Фабриката на ZF во Панчево се наоѓа на 14 километри североисточно од Белград. Изградбата започнува во јуни, а производството е планирано да стартува во 2019 година. Фабриката ќе вработува околу 1.000 лица.

ZF развива активна амортизација за поевтините возила

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили

Резервни делови носат 20% од прометот на автоиндустријата

Претходна објаваЕуроимпекс и МОБ во соработка за 46-те Мајски Оперски Вечери
Следна објаваБазел почнува со изнајмување електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here