Во швајцарскиот град Женева се поставуваат сообраќајни знаци на коишто не се прикажани само мажи. Целта е да се укаже на рамноправноста на половите.
Швајцарскиот град Женева со новите сообраќајни знаци има за цел да укаже на рамноправноста на половите. Градот во четвртокот прикажа шест варијанти на сообраќајни знаци за пешачки премин. На знаците се прикажани двојки, пензионери, дами, трудници.
Градоначалничката Сандрин Салерно во изјава за информативната агенција ДПА изјави дека „идејата за феминизација на одредени сообраќајни знаци може да личи како анегдота.“ Но, во проектот се пристапува крајно сериозно. Целта е да се укаже на тековните случувања во општеството.
Женева е прв град во светот што повлекува ваков потег
Според Салерно, јавниот простор историски гледано секогаш бил замислен од мажи за мажи. Под превезот на неутралноста, на знаците најчесто се прикажуваат мажи. „На тој начин се засилува убедувањето дека некои личности, првенствено дамите, но и малцинствата, таму се помалку добредојдени од останатите,“ цени градоначалничката.
Во градот ќе се заменат 250 знаци, со новите шест варијации. Во Женева во моментов се одвива и проект за феминизација на имињата на улиците.