Цел свет прави „сајбертрак“, може и од картон

Цел свет прави „сајбертрак“, може и од картон
Цел свет прави „сајбертрак“, може и од картон

Неверојатно е дека минаа само седум седмици од претставувањето на Tesla Cybertruck. Најеобичниот пикап и воопшто автомобил инспирираше многумина да изработат сопствена изведба. Тоа ретко се прави поради одушевеност, многу почесто се прави пародија на електричниот камионет на Илон Маск.

Руската изведба на Tesla Cybertruck, изработена врз основа на Lada Samara, вклучувајќи го и нејзиниот погон, го обиколи цел свет, барем што се однесува на објавите за подвигот. Оригиналната и уникатна креација на „сајбер-ладата“ моментно се нуди на продажба, но во меѓувреме има уште еден проект што го привлекува вниманието. Станува збор за CyberKart.

Кусото видео не остава простор за сомневање дали CyberKart користи електричен погон. Чадот што излегува на сите страни потекнува од двотактен мотор. За разлика од оригиналниот CyberTruck со неговата каросерија од нерѓосувачки челик, ова „возило“ користи картон. Конструктори на ова возило се американските тркачи Џордан и Рики Тејлор.

Бидејќи браќата Тејлор не добиваа медиумски посети за време на производството на нивниот „сајберкарт“, за светот да биде во тек со напредокот, тие сами објавија фотографии директно од „производствената лента“.

Во изработката на Cybertruck со половина од оригиналната големина било вложено многу повеќе конструкторска вештина. Тимот зад јутјуб-каналот „The Hacksmith“ си поставил предизвик: „Колку е тешко да се изработи Cybertruck во размер 1:2?“ Резултатот од трудот се гледа на видеото. Во секој случај, било многу забавно при „производството“, исто колку што е забавно и за гледање.

„Каросеријата“ вистински е изработена од нерѓосувачки челик. Верно на оригиналот, тука исто работат три електромотори – од стари голф-карт коли.

И, најдоброто секогаш доаѓа на крај…

https://www.instagram.com/p/B6Yvl1qgc5a/

Рускиот Cybertruck има мотор од Lada и изработен е за 24 часа

Претходна објаваKia лани првпат продаде повеќе од половина милион возила во Европа
Следна објаваЖенева постави сообраќајни знаци со трудници, пензиониери, двојки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here