за

Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот

Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот
Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот

Вечниот град воведе строга забрана за возила со дизел мотор, откако просечната загаденост на воздухот со честички PM10 десет денови беше над дозволените 50 микрограми на метар кубен. Повеќе градови ширум Италија презедоа итни мерки, заради надминување на загаденоста на воздухот.

Во главниот град на Италија е прогласена вонредна состојба и строга забрана за сообраќај за сите возила со дизел мотор во централното градско јадро, поради превисока загаденост на воздухот со неразградливи честички PM. Ограничувањата за приватни возила во периодите кога е најголем обемот на сообраќајот ќе важат најмалку во следните неколку денови. Освен во Рим, загадениот воздух е акутелн проблем и во останатите италијански градови. Торино, Милано, Болоња, Фиренца, во голем број градови е прогласена алармантна состојба на загаденост и постојат подолготрајни ограничувања во сообраќајот.

Градоначалничката Вирџинија Раџи уште во неделата апелираше преку фејсбук, граѓаните да го користат јавниот превоз. Доколку не се намали загаденоста, во забраната за сообраќај ќе бидат опфатени и возилата со дизел мотор со издув според Euro 6. Првата дама на Рим препорачува автомобилите да се користат заедно со пријателите или со колегите.

Во Винченца во регионот на Венеција, градоначалниците посегнаа и по уште построги мери. Дуќаните, кафулињата и другите локали што се достапни за јавноста, од денес повеќе не смеат да ги оставаат вратите отворени. При прекршување на ова правило, односно доколку се дозволи топлината бескорисно да излегува од објектите, предвидена е казна во висина меѓу 25 и 500 евра.

Метеоролозите не предвидуваат дека состојбата со временските услвои ќе се смени во поголемиот дел од земјата. Италијанските еколози ги поздравија забраните, но барааат и подоследно почитување на забраните од страна на политиката и граѓаните.

Мерките против аерозагаденоста во италијанските градови што се применуваат од денес:

Рим: Забрана за сите возила со дизел мотор во пошпирокото јадро на градот во време меѓу 7.30 и 10.30 часот, како и од 16.30 и 20.30, со целодневна забрана за сообраќај за дизел возила до Euro 3.

(линк до објавата на Градот Рим, на италијански јазик, се отвора во нов прозорец: https://www.comune.roma.it/web/it/informazione-di-servizio.page?contentId=IDS504993 )

Милано: Дизели со норма Euro 1 до Euro 4 се забранети за сообраќај

Торино: Забрана за дизел возила, до и вклучувајќи норма Euro 5, во поголемиот дел од денот

Емилија Ромања (Пјаченца, Парма, Реџо Емилија, Модена, Ферара, Равена): Забрана за дизели со норма Euro 1 до Euro 4 меѓу 8.30 часот и 18.30 часот.

Венеција: Целодневна забрана за двотактни мотоцикли со Euro 1, бензинци со Euro 0-1, дизели со Euro 0-4 и доставни возила со дизел мотор и Euro 1-3.

Фиренца: Забрана во поголемито дел од денот за двотактни мотоцикли, бензинци со Euro 1, дизели со Euro 23 и доставни возила со дизел мотор и Euro 1-2.

Загаденоста на водухот во повеќето македонски градови е тема на којашто со години наназад имаме објавувано повеќе анализи, истражувања и редакциски ставови на порталот: Повеќе содржини на таа тема може да најдете на пример на обележувачот #загадување .

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По бегството на Карлос Гон, Yamaha предупреди: Не се затворајте во куфери за инструменти

По бегството на Карлос Гон, Yamaha предупреди: Не се затворајте во куфери за инструменти!

Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка

Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка