за

Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка

Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка
Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка

Chevrolet Corvette Stingray освои најмногу гласови во изборот за Автомобил на 2020 година во Северна Америка од 50-членото жири составено од автомобилски новинари. Stingray најмногу убеди со преоѓањето на средишен мотор, но и со префинетоста и перформансите.

Corvette е една од многуте автомобилски икони на Американците и тоа се потврдува со фактот што моделот третпат победува во Изборот за автомобил на годината во Северна Америка, иако станува збор за строго спортски автомобил, кој во принцип може да победи само во посебна категорија во рамките на изборот.

Првата победа на ова моделско име со долга традиција се случи во 1998 година, во петтата генерација на Corvette, а потоа следеше уште еден триумф со доаѓањето на седмата генерација во 2014 година. Свеченото доделување на наградите се одржа во ТЦФ Центарот во Детроит.

Изборот за автомобил, СУВ и пикап на годината во Северна Америка ги одликува врвните достигнувања во иноваторството, дизајнот, безбедноста, перформансите, технологијата, возачкото уживање и противвредноста. Основан од Кристофер Џенсен во 1994 година, во изборот учествуваат околу 50 професионални автомобилски новинари од САД и Канада, кои работат во независни магазини, тв-куќи, радија, дневници и портали.

„Chevrolet Corvette покажува што значи да се биде северноамерикански автомобил на годината“

Актуелната претседателка на изборот Лорен Фикс цени дека „Corvette ја претставува новата ера за иконската марка. Купувачите се одушевени, а од новинарска перспектива, ова е еден од најдобро изработените производи на GM, кој покажува што значи да се биде Северноамерикански Автомобил на Годината.“

Во финалето на изборот за автомобил на 2020 година влегоа уште Toyota Supra и Hyundai Sonata.

Производството на Corvette ќе започне во февруари во фабриката на General Motors во Боулинг Грин, Кентаки. Испораките ќе стартуваат кусо потоа.

https://www.instagram.com/p/B7TeIybF8Ro/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот

Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот

Hyundai е новата марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс

Hyundai е новата марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс