за

По бегството на Карлос Гон, Yamaha предупреди: Не се затворајте во куфери за инструменти!

По бегството на Карлос Гон, Yamaha предупреди: Не се затворајте во куфери за инструменти
По бегството на Карлос Гон, Yamaha предупреди: Не се затворајте во куфери за инструменти

Производителот на музички инструменти Yamaha го искористи случајот со бегството на шефот на Renault-Nissan и укажува дека е опасно човек да се затвори во куфер од инструмент. Секако, пригодата се искористи и за мала реклама.

По бегството на поранешниот топ-менаџер на Renault-Nissan од Јапонија во Либан, јапонскиот производител на музички инструменти Yamaha се обрати преку твитер и предупредува луѓето да не се затвораат во куферите за големи музички инструменти – по примерот на Карлос Гон, кој побегна на таков начин, со помош на двајца американски специјалци.

Yamaha не посочува точно кои се можните опасности, но укажува дека на социјалните мрежи има многу објави во коишто се спомнува влегување во големи куфери за инструменти. Во кусата порака од концернот Yamaha се наведува само дека „предоцна е за предупредување откако ќе се случи незгодата, затоа замолуваме да не се прави тоа“. Твитот доби близу 100.000 допаѓања од корисниците и преземен е повеќе од 94.000 пати.

Карлос Гон по конференцијата за печат во Бејрут зборуваше за неправилностите во јапонскиот судски систем, но не изјави ништо околу чинот на самото бегство, заради заштита на помошниците, кои сепак се регистрирани и идентификувани од надзорните камери во Јапонија.

Познатиот производител на музички инструменти објави повторно, со благодарност за многубројните допаѓања и уште еднаш нагласи дека куферите се наменети за инструменти, не за луѓе – без разлика дали станува збор за музичари, или за шефови на автомобилски концерни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen t-roc i polo

Volkswagen ја брани титулата на најголем авто-производител

Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот

Рим забрани сообраќај за дизели поради загаденост на воздухот