Последниот Пасат од Емден, на негово место електрични автомобили

Пред половина век започна поглавјето на еден од најуспешните Фолксвагени, Пасат. Со преку 30 милиони продадени примероци, тој е трет најпродаван модел на марката, по Голб и Буба.

Една третина од вкупната продукција на Пасат во изминатите 47 години излезе од фабриката во Емден. Во почетокот на март, од фабриката во северна Германија излезе последниот Пасат Вариант. Производството на неодамна претставениот наследник е преселено во Братислава, Словачка.

Во иднина во Емден ќе се произведуваат главно електрични модели. Осум илјади вработени ќе произведуваат ИД.4, ИД.7 и ИД.7 Турер. Последниот модел со мотор со внатрешно согорување што уште се произведува во Источна Фризија е Артеон Шутинг Брејк.

Освен со последниот Пасат, вработените и управата се збогуваа и со последниот Артеон. Пасат во месечева сива боја ќе биде испорачан на клиент од Мозел, додека последниот Артеон, во изведба Р и во бисерна бела боја, нарачан е од клиент во Полска. Во двете возила се поставени посебни плочки, што сведочат дека се работи за историски важни примероци.

Првиот Пасат ја напушти фабриката во Емден на 1-ви јули 1977 година, првиот ден по завршувањето на фабричкиот одмор. Со преселувањето на Пасат од Волфсбург во Емден започна поглавјето на успехот на фабриката на ФВ на море. Со инвестиција од 170 милиони дојч марки, Емден се претвори од фабрика за Буба, во фабрика за модели од средната класа.

Оттогаш сите осум генерации се произведувани во Емден. Најпроизведуван модел е Пасат Б5, од 1996 до 2005 година, со 2 милиони примероци. По него е Пасат Б8, со 1,4 милион примероци. Во 2017 година се придружи Артеон.

Во производството на електрични модели во Емден е вложено над една милијарда евра.

Претходна објаваЕлектричниот Мерцедес Вижн мина над 1.000 километри низ Арaбиската пустина
Следна објаваТојота на вработените ќе им исплати најголемо повишување во последните 25 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here