за

Тојота на вработените ќе им исплати најголемо повишување во последните 25 години

Властите вршат притисок врз компаниите од рангот на Тојота, да ги зголемат платите.

Производство во фабриката на Тојота во Такаока

Управата на Тојота одобри на работниците во фабриките да им се исплати најголемото повишување во последните 25 години. Со тоа пораснаа и очекувањата дека централната банка, повикувајќи се на растот на платите, во текот на неделава ќе ја смени досегашната политика.

Тојота, Нипон Стил и Нисан се меѓу најголемите имиња во јапонската индуистрија, што се сложија во целост да ги исполнат барањата на работничките синдикати за зголемување на платите, во рамките на редовните годишни преговори за плата што се одржаа во средината на минатата седмица.

Преговорите што се клучни за традиционално добрите односи меѓу управите на јапонските компании и работниците, годинава се следат со поголемо внимание од досега, затоа што се очекува зголемувањето на платите во текот на неделава да доведе до смена на политиката на централната банка, којашто долги години следи негативни каматни стапки.

Тојота како најголем производител на автомобили во светот, и по традиција пример за останатите компании во годишните преговори, објави дека се сложила со барањата за месечните плати да се зголемат за 28.440 јени (околу 175 евра), а исто и за рекордни бонуси.

Согласно досегашната пракса, производителот не наведе за колку проценти ги зголемува платите.

„Воочуваме силно задвижување во зголемувањето на платите,“ изјави пред новинарите владиниот претставник и секретар на владиниот кабинет Јошимаса Хајаши.

„Важно е силната динамика во зголемувањето на платите да се пренесе и на малите и средни компании.“

Премиерот Фумио Кушида даде највисока важност да се прекине долгогодишниот тренд на незначителни зголемувања на платите, со цел да се поттикне купувачкиот дух на граѓаните. Растот на платите во Јапонија долго време заостануваше зад просекот на групата на економски моќни држави ОЕЦД.

Банката на Јапонија исто така го следи исходот со внимание, за да одлучи кога ќе го прекине трендот на негативни каматни стапки што трае уште од 2016 година.

Банката применува масивни програми за стимулирање на стопанството и ултра ниски каматни стапки многу подолго од останатите индустриски развиени земји, што се прави со цел да се заживее економијата. За новата политика ќе се решава на средба што се одржува на 18-ти и 19-ти март.

Видеото од тестот на Тојота Ц-ХР

Гувернерот Казуи Уеда во минатата недела кажа дека за избор на моментот кога да се прекинат масивните стимулации „клучен е исходот од овогодишните преговори за плати“

Работниците во најголемите компании бараа годишно зголемување на платата за 5,85 проценти, како што објави најголемиот работнички синдикат во Јапонија, Ренго. Тоа ќе биде првпат во последните 31 година, повишувањето да биде над 5 проценти.

Хисаши Јамада, виш економист во јапонскиот институт за истражување и експерт за прашања околу работничките права, процени дека вкупното повишување ќе изнесува 4,2 до 4,3 проценти. Експертот упатува дека досегашните реакции биле „мошне силни“ и цени дека врвните компании ќе настапат со повишување од преку 5 проценти.

Водечките компании од рангот на Тојота се под притисок од владата, да ги зголемат платите во доволен обем за да се надмине влијанието на инфлацијата.

„Се надеваме дека нашите резултати ќе се пренесат на сите наши добавувачи,“ изјави за новинарите кадровиот директор на Тојота, Такахори Азума.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последниот Пасат од Емден, на негово место електрични автомобили

Електричниот Ситроен во Германија доаѓа заедно со полнач