Електричниот Ситроен во Германија доаѓа заедно со полнач

Ситроен Њу е-Ц3 се произведува во Словачка и се продава по цени почнувајќи од 23.300 евра. Во 2025 година следи модел со помал досег и цена од 19.900 евра.

Полнач во вредност од 799 евра ќе им биде спакуван на купувачите во Германија, што до завршетокот на март ќе направат нарачка на електричниот Ситроен Ц3. Одговара и цената на најдостапниот електричен автомобил од европско производство.

Долго време се веруваше дека недоволно развиената мрежа од полначи е проблем за омасовување на електричните, а се веруваше и дека тие уште долго време ќе почнуваат со цена по којашто веќе се купува лимузина од премиум марка. Во меѓувреме се покажа дека на корисниците на електрични возила им е најважно да имаат полнач дома – и да не плаќаат скапо за услугата за јавен полнач.

Тоа што уште се смени во меѓувреме: Електричните автомобили од „домашна“ марка, што се применливи како сериозно возило, повеќе не почнуваат од 35-40 илјади евра, туку далеку под тоа. Ситроен не го претставува својот нов модел во такво светло, меѓутоа на многумина познавачи им е јасно дека Французите со е-Ц3 го направија „2 ЦВ“ на денешницата. Електричен, нормално, иако моделот наесен ќе почне да се продава и на македонскиот пазар во изведба со домаќински бензинец.

Германија е моќен пазар и за автомобили и за електрични автомобили, па опттаму веќе пристигаат и вести за најновиот модел на Ситроен. Редовната продажна цена на е-Ц3 таму е 23.300 евра. Од тоа може да се одбијат уште 799 евра, затоа што тоа е вредноста на полначот што купувачите на електричниот Ц3 го добиваат доколку побрзо се решат да го нарачаат моделот.

Полначот располага со моќност од 22 кВ, односно тоа е вредноста и на полначите што кај нас ги има поставено ЕВН. Со име еПро Волбокс, полначот воспоставува мрежно поврзување со телефон, односно со него може да се ракува далечински.

Директорот на Ситроен во Германија, Роман Франке, кажува дека „со новиот е-Ц3, Ситроен го пушта во продажба најважниот електричен новитет на годината.“ Изведбата од новиот Ц3 на струја минува до 300 километри, а може да користи полначи со можќост до 100 кВ.

Производството е во фабриката на Стелантис во Трнава, Словачка.

Вообичаено за е-модел, опременоста е висока, вклучувајќи електрика на ретровизори и прозорци, напредна амортизација на Ситроен, паркинг сензори назад, темпомат, клима, систем за задржување во лента, камера за знаци, греење и ладење преку тајмер и вграден полнач од 7,4 кВ.

Претходна објаваТојота на вработените ќе им исплати најголемо повишување во последните 25 години
Следна објаваФискер го запре производството, може да објави банкрот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here