Фискер го запре производството, може да објави банкрот

Шефот Хенрик Фискер лани во август прикажа посебно издание на својот електричен кросовер Оушн.

Фискер го запре производството за следните шест недели, за производителот прво да се ослободи од натрупаните залихи од електрични автомобили и да спречи објавување банкрот.

Компанијата во минатата седмица не го плати доспеаното плаќање на камати во вредност од 8,4 милиони долари, за неосиграниот заем што треба да го отплати до 2026 година, открива извештајот што беше поднесен во понеделникот.

Фискер предупреди дека може да се случи да не ги исполни обврските околу подмирувањето на своите долгови и дека „можно е да побара заштита под важечките закони за банкрот.“

Во понеделникот беше објавено и дека Фискер планира да подигне заем во висина од 150 милиони долари преку договор за финансирање што е постигнат со сопственикот на конвертибилниот бонд што датира за 2025 година. Компанијата не открива кој е инвеститорот и посочи дека финансирањето ќе биде изведено во четири рати.

Фискер го произведува електричниот кросовер Оушн во договор со компанијата за производство по нарачка Магна Штајер во Грац, Австрија. Од канадската Магна Интернационал, каде што припаѓа австриската фабрика, не коментираат за случајот.

Новиот тек на настаните ја открива вистинската ситуација во Фискер, откако компанијата кон завршетокот на минатиот месец соопшти дека се јавува голема неизвесност околу нејзиното натамошно опстојување. Компанијата на 29-ти февруари објави дека ќе отпушти 15 проценти од својот работен персонал и дека се соочува со потешкотии во производството, со технички дефекти и берзански шпекуланти.

Фискер ги продолжува преговорите со „голем производител на автомобили“, околу можното инвестирање и воспоставувањето соработка. Блумберг и Ројтерс во почетокот на месецов објавија дека компанијата е во преговори со Нисан, повикувајќи се на луѓе што се упатени во состојбите.

Во објавата, Фискер наведува дека има залиха од околу 4.700 возила во вредност од преку 200 милиони долари. Производството се става во мирување додека се продаде залихата.

Претходна објаваЕлектричниот Ситроен во Германија доаѓа заедно со полнач
Следна објаваАМГ работи на сопствен електричен модел, тестира на мраз во Шведска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here