за

АМГ работи на сопствен електричен модел, тестира на мраз во Шведска

Мерцедес за моделите на спортската сестра АМГ разви посебна платформа АМГ.ЕА, што сега е во ек на тестирање во Шведска.

Мерцедес-АМГ објави дека во моментов ја тестира новата електрична платформа што ќе биде независна од платформите за моделите на Мерцедес-Бенц, исто како што е случај со класичните СЛ и ГТ. На сликите се наѕира и формата на идната купе-лимузина.

Платформата за електричните модели со високи перформанси на Мерцедес-АМГ созрева на температури до 25 степени под нулата, во Шведска. Спортската и луксузна марка од Афалтербах дополнително ја поттикнува љубопитноста околу моделот што прв ќе се појави со новата платформа АМГ.ЕА. Станува збор за целосно електричен погон.

Техниката е конструирана со цел да се постигнат врвни перформанси, својствени за бензинските модели на АМГ. Во моментов се врши редовно тестирање во северна Шведска, каде што се проверува како деловите на возилото се однесуваат во услови на исклучителен студ – и секако, како целото возило се однесува во услови на врвно оптоварување во поларните екстреми.

Платформата АМГ.ЕА уште е во почетокот на обемниот план за тестирање, којшто ќе опфати уште бројни други патеки за тестирање, климатски зони и континенти.

Целта е со новата платформа да се постават нови мерила во поглед на технологијата на електричниот погон. Засега само општо се најавуваат и бројни иновации.

Афалтербах напоменува дека погонскиот концепт на АМГ.ЕА се заснова врз технологија на електромотор со аксијален флукс. Таа верува поголема енергетска густина, компактни димензии и ниска тежина. Се користи и нова високонапонска батерија, за којашто се претпоставува дека е батерија со цврст електролит.

АМГ засега објави само две слики, на коишто идната купе-лимузина вози по замрзнато езеро, што е дел од патеката за тестирање на Мерцедес-Бенц во Шведска.

Премиерата на АМГ ГТ во салонот на Мак Аутостар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фискер го запре производството, може да објави банкрот

По долго чекање: Што може Ауди Ку6 е-трон?