за

Volkswagen одобри производство на комбе што ќе вози само

Тоа што звучи како филм од научната фантастика, може наскоро да стане реалност. Volkswagen планира да започне со продажба на електрично комбе во ретро стил, коешто ќе вози самостојно.

volkswagen i.d. buzz

Огранокот за доставни возила на Volkswagen веќе извесно време го подготвува пазарот за електричното комбе ID.Buzz. Тоа ќе биде прв модел на концернот Volkswagen, што ќе располага со функција за самостојно возење. Управниот одбор одобри средства за развојот на технологијата да продолжи.

Моделот со којшто ќе продолжи историјата на легендарниот Volkswagen Bus, познат и како хипи-бус, були и сл, планирано е да стартува со продажба во 2022 година. Во средината на деценијата се очекува да започне и вградување на системи за автономно возење. Така стои во официјалното соопштение на марката доставни возила. Уште годинава ќе започне тестирање во реални услови.

За технологијата за автономно возење во Volkswagen е задолжена американската фирма Argo AI, специјалист за вештачка интелигенција. Ford исто така има големи инвестиции во ова фирма, па затоа Argo AI е вклучен и во партнерството меѓу двата производители на автомобили. Ford и Volkswagen ќе ги делат и трошоците за развој на електрични доставни возила.

Главната примена на „самовозечкото“ комбе ќе бидат шатл-услуги кои собираат патници, како и најразлични компании што нудат услуги за превоз. Volkswagen поседува и посебна фирма Moia, којашто е задолжена за новите видови превоз и според нејзиниот менаџер Кристијан Зенгер, „во средината на деценијата, нашите клиенти ќе можат во одредени градови да се превезуваат со автономни возила.“

Volkswagen ќе пушти 70 електрични модели во следните десет години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Толку лесно ли се палат електричните автомобили?

Полн хибрид, благ, приклучен: Кој е кој меѓу хибридите?