за

Во Аутоштат: 55-мина сопственици дојдоа по своите лимон жолти Golf R

Во саботата имаше несекојдневна глетка во салонот за предавање нови возила во Аутоштат, автомобилскиот град на Volkswagen.

Колоритно во центарот за клиенти во Аутоштат, градот на автомобилите во Волфсбург, градот на Volkswagen. Своите специјални примероци од Golf R 333 дојдоа да ги преземат 55-мина сопственички и сопственици на досега најсилната сериска изведба на моделот.

Лакиран во впечатлива лимон жолта боја со металик ефект, Volkswagen Golf R333 „Limited Edition“ беше распродаден за само осум минути откако производителот прогласи отворање за нарачките за моделот.

Станува збор за ексклузивна серија Limited Edition од веќе ексклузивниот Golf R 333, што ќе биде изработена во само 333 примероци. Бројките се однесуваат на фактот што тука станува збор за најсилниот Golf што досега има излезено од фабриките на Volkswagen.

Секој од 333-те сопственици на ‚Limited Edition‘ добива нумерирана кутија за клучеви, заедно со сертификат за оригиналноста на возилото. Волфсбург внимаваше на секој детал на моделот да му посвети дополнително внимание, не се работи „само“ за 333 КС.

На посебно организираниот настан во Аутоштат, во саботата на 21-ви октомври, пристигнаа 55 сопственички и сопственици на Golf R 333 Limited Edition, за заеднички да си ги преземат возилата директно од производителот.

Големи имиња од германската автомобилска сцена присуствуваа на настанот, меѓу кои Сидни Хофман, автор и водител на „PS-Profi“ и амбасадорот на марката Бени Лојхтер. По дружењето во Павилјонот на Volkswagen, сопствениците со своите 55 примероци од Limited Edition во лимон жолта боја, во колона се упатија до Форсфелде, преградие на Волфсбург, каде што следеше единствено дожививање – посета на депото со историски возила на германската марка, што само малкумина надвор од концернот имале можност да го видат.

Го имате посетенo нашиот видео канал на YouTube?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford и General Motors мораат да го скусат производството на електрични пикапи

Партнер, експерт, боксер: Триото доставни возила на Пежо со свежа струја