за

Наследникот на Фолксваген Голф ќе биде електричен автомобил

Според најновите информации, Фолксваген планира Голф 9. Тоа ќе биде електричен автомобил и ќе се продава заедно со ИД.3.

Во последниот период имаше многу прашања околу Фолксваген Голф, главно околу тоа дали култниот компакт ќе добие наследник. Гласините укажуваа на можност за најпродаваниот модел на Волфсбург да си замине од понудата на германската марка.

Фолксваген потврди дека Голф сепак ќе продолжи и во својата деветта генерација. Пред да се појави таа, Волфсбург подготвува моделско освежување за тековниот модел, за Голф 8.

Според германските медиуми, компактот од Волфсбург ќе се нуди заедно со ИД.3, но нема да биде негова замена. Тоа значи дека во иднина паралелно ќе се нудат Голф 9 и ИД.3. Дали Голф по извесен рок целосно ќе го замени ИД.3, или двата модели ќе се надополнуваат уште подолг период, Фолксваген тоа не го открива.

По 2025 година, Волфсбург подготвува два мали модели со електричен погон. Покрај ИД.2 ќе се нудат и модели од Шкода, Сеат и Купра. Цената на појдовниот модел од околу 25.000 евра ќе направи електромобилноста да биде достапна пошироко.

Досегот на новите модели од градската класа ќе изнесува меѓу 350 и 400 километри. „Тоа е психолошкиот праг во моментов“, кажува шефот на марката Фолксваген, Томас Шефер. Во план исто така е ИД.1, којшто ќе биде замена за електричниот Фолксваген е-Ап.

Во германската марка во моментов се работи на освежување на тековниот Голф 8. Идната генерација на моделот може да се очекува дури по 2028 година. Дали таа ќе продолжи под името Голф, или ќе добие додаток ИД, во името, тоа Фолксваген уште не го открива.

Специјалистите од Аварвари веќе го погодуваат изгледот на идниот Голф Р

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Киа Соренто со светла по углед на електричниот ЕВ9

Мак Аутостар: Речиси театарска премиера на Мерцедес ЦЛЕ