за

Во Аутоштат: Последниот Голф 1 произведен во 2009 во Јужна Африка

Во „градот на автомобилите“ на Volkswagen, во Аутоштат, изложен е посебен Golf 1 – излезен од фабрика во 2009 година.

Во музејот Цајтхаус во автомобилскиот град Аутоштат во Волфсбург, изложени се околу 260 возила од 60 производители. Посебно место му припаѓа на еден Golf од првата генерација, произведен во Африка во исто време кога во Германија се произведуваше Golf VI.

По четири години од почетокот на производството на првата генерација на Golf I во Волфсбург, Volkswagen во 1978 година почна да го произведува моделот и во фабриката во Јужна Африка.

Во 1984 година следеше почетокот на продажбата на Citi Golf, варијанта на Golf I, којашто на африканскиот пазар се нудеше по посебно достапна цена. Овој автомобил остана во производсрво дури до 2009 година. Тогаш беше изработена посебна серија „Last Edition“, во 1.000 примероци, во знак на заминувањето на моделот од производствената лента.

Во Citi Golf работеше четирицилиндарец од 1.595 сантиметри кубни, со моќност од 100 КС, којшто на автомобилот му обезбедуваше највисока брзина од 180 km/h.

Примерокот што сега е изложен во Цајтхаус (ZeitHaus, временска куќа) е 1-то произедено возило од серијата „Last Edition“. Од 1984 до 2009 година, во Јужна Африка беа произведени 377.484 примероци од Citi Golf.

New item by Automedia MK / Google Photos

Аутоштат, град на автомобилите во градот на автомобилите Волфсбург, каде што е седиштето на марката и концернот Volkswagen, од отворањето во 2000 година го посетиле повеќе од 42 милиони гости. Тоа го вбројува овој центар во едно од најпосетените туристички одредишта во Германија.

Покрај тоа, Аутоштат претставува и најголем центар за испорака на возила, каде што сопствениците доаѓаат да си го преземат возилото од фабрика, за тој животен настан да го направат уште повпечатлив.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla попушта под конкуренцијата, ново поевтинување во Кина

Белгиските возачки и возачи лани најчесто избирале Citroen C3