за

Белгиските возачки и возачи лани најчесто избирале Citroen C3

Во изборот на нов автомобил, не се разликуваме многу од Белгијците. Citroen C3 кај нас со години е во Топ 5, лани во Белгија немало модел да се продава повеќе од него.

Најпродаваниот автомобил во Кралството Белгија лани е Citroen C3. Земјата што е на 13-то во светот според индексот на развој на човештвото, пред Канада, Велика Британија и Јапонија, кога се работи за избор на автомобил е мошне приземна.

Убава вест за фановите на Citroen и за возачките и возачите на автомобили од градската класа, што пред увозот на користени автомобили да го надброи увозот на нови автомобили, сочинуваше најголем дел од продажбата на возила во Македонија.

Citroen за својот C3 вели дека е компактен, интелигентен, со оригинален дизајн и со соодветен комфор. Таа формула му обезбеди на наследникот на Saxo и AX наслов на најпродаван автомобил во Белгија во 2022 година.

Во дванаесетте месеци лани во земјата со близу 12 милиони жители биле продадени 8.472 примероци од моментно најмалиот модел на Citroen. Белгијците го сакаат овој автомобил поради компактните димензии, што го олеснува секојдневното крстосување низ град, но и поради комфорот во возење и дизајнот што побудува емоции.

Компаниите во Белгија исто така се решаваат за Citroen C3 да го вклучат во својот возен парк, што говори во прилог на издржливоста и на ниските трошоци за одржување.

„Citroën отсекогаш имал силно присуство во Белгија,” кажува Дамиен Мартин-Кошер, генерален директор на марката за пазарите во Бенелукс. „Среќни сме од тоа што нашата тековна понуда од модели продолжува да ја негува оваа посебна поврзаност со белгиската публика. C3 навистина е мошне вилдив во белгиската автомобилска слика и одушевени сме од тоа.

Во меѓувреме има неколку новини и во понудата на Citroen C3 на македонскиот пазар. Изведбата You сега го одбележува почетокот на гамата, како модел со посебна противвредност – клима-уред, магленки, радио со блутут и темпомат се стандардна опрема во моделот со редовна цена од 16.990 евра, со 1,2-литарец со 83 КС.

Во второто ниво C-Series, во новото моделско годиште следуваат стандардно декорација на кровот во боја на бронза, сензор за дожд и автоматски светла, ретровизори што се собираат самостојно (од 17.990 евра). Трето ниво е Shine, за 2023 збогатено со алу-тркала од 16 инчи со нов дизајн и затемнети задни стакла (од 18.990 евра). Традицијата на специјални серии ја продолжува луксузниот модел Elle, кој почнува од 22.190 евра, но затоа има алу-тркала со специјален дизајн од 17 инчи, кожа на воланот, сина рамка на предните светла и на Airbump, посебна декорација за Elle и посебен дизајн на арматурната табла, навигација, како и задна камера и паркинг сензори.

Лани со Citroen C3 направивме еден посебен тест, кога релацијата од еден до друг крај на Скопје ја возевме еднаш во метежот во понеделник наутро, другпат во утро во викенд, со споредба на времето што е потребно да е извози растојанието. Тоа што беше пријатно изненадување е комфорот што C3 навистина го нуди во секој момент од возењето.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Аутоштат: Последниот Голф 1 произведен во 2009 во Јужна Африка

Овие нови автомобили пристигаат во 2020 година

Polestar: Електричната марка на Volvo лани продаде над 50.000 возила