Тоа што електричните автомобили ја освојуваат сцената, не е еднострана игра на производителите. Пазарот ги бара, автомобилските компании реагираат. Polestar постигна голем раст лани, за годинава не се очекува ништо помалку.
Шведската марка електрични автомобили со спортски перформанси Polestar, продаде 21.000 возила во последното тромесечје лани и вкупно 51.500 возила за цела 2022 година. Тоа е за 80 проценти над резултатот од преклани.
Планот за 2023 година е натамошно зголемување на продажбата, за близу 60 проценти, односно продажба на приближно 80.000 возила. За растот ќе се погрижи силната продажба на моделот Polestar 2, но и почетокот на испораката на Polestar 3 во текот на годината.
Извршниот директор Томас Ингенлат е претпазлив околу предвидувањата за годината што почна: „Вообичаените квартални варирања ќе останат, но уверен сум дека ќе продолжиме активно да се справуваме со нашиот синџир за набавка, за да излеземе во пресрет на растечката побарувачка за Polestar 2, како и да ги испорачаме првите примероци од Polestar 3 и да го лансираме Polestar 4″.
View this post on Instagram