Кон средината на месецот, на салонот на автомобили во Брисел, Mazda ќе ја претстави новата изведба на кросоверот MX-30. Погонот е приклучен хибрид, ванкелот ќе служи единствено како генератор на струја.
Два милиони автомобили со ванкел мотор се произведени под знакот на Mazda во периодот од првиот Cosmo во 1967 година до последната RX-8 во 2012 година. Спортското купе прерасна во легенда, меѓу другото и поради лесниот, компактен, исклучително смирен и во принцип едноставен ванкел мотор.
Денешните строги норми за издувни гасови оневозможуваат Mazda да го користи ванкел моторот, затоа што е тешко и скапо, тој да се приспособи за чиста и штедлива работа. Тоа е во природата на овој мотор со ротирачки клипови, висока потрошувачка и неможност да се постигне чист издув како со останатите мотори.
Но, во Mazda уште има место за ванкелот. Компактниот кросовер MX-30, привлекува со изгледот, од RX ја наследува и практичноста со задните врати што се отвораат наназад, но тој единствено не привлекува со погонот. Додека во Јапонија се нуди и изведба со благ хибриден погон, за европскиот пазар останува само чисто електричната изведба.
Исто како Mini Cooper SE, таа е наменета за „специјалисти“, односно за возачки и возачи што релативно малата батерија ја гледаат како предност, затоа што се задржуваат динамичните возни својства. Со досег од околу 200 километри, MX-30 не може да им парира на VW ID.4 или на Volvo C40.
View this post on Instagram
Овој кросовер со дизајн што одушевува, напролет ќе добие шанса да убеди поширок круг купувачи. Како што беше најавено уште пред три години, Mazda отсега ќе го користи ванкелот како генератор. Со малите димензии, ниската тежина и исклучително смирената работа, ванкелот во новата верзија на Mazda MX-30 со приклучен хибриден погон ќе работи како генератор на струја. Така ќе се обезбедува енергијата за погонскиот електромотор.
Премиерата е на 13-ти јануари, на салонот во Брисел, новите детали се очекуваат со нетрпение.