Rolls-Royce лани продаде 6.021 возило, повеќе од кога било досега, во 50 држави и региони ширум светот. Книгите со нарачки се полни, голем интерес постои и за електричниот модел Spectre.
Кај фините марки од рангот на Rolls-Royce, успехот не се мери со бројот на продадени возила, туку со цената што клиентите ја плаќаат за автомобил од марката. Во Гудвуд можат да бидат задоволни во тој поглед. Просечната цена на автомобил изработен по посебна нарачка во специјализираното одделение Bespoke, лани изнесува околу 500.000 евра. Извршниот директор Торстен Милер Отвос вели: „Ненадминливата креативност на Bespoke и квалитетот што го постигнува нашиот тим во Гудвуд, значи дека нашите клиенти се среќни да платат околу половина милион евра во просек за својот уникатен автомобил.“
На марката со фигурата на Емили врз маската во 2023 ѝ претстои дваесетгодишнина од преселувањето на седиштето во Гудвуд. Уште поважен момент ќе биде претставувањето на првиот целосно електричен модел Spectre. Паралелно со збогатувањето на понудата, Rolls-Royce ја зголемуваше и бројноста на персоналот. За најлуксузната марка во светот работат 2.500 лица, од кои 150 се нововработени лани.
Продажбата напредувала најмногу на Средниот Исток, во Азискиот Пацифик, САД и Европа. Најмногу нарачки за одделението Bespoke доаѓаат од Средниот Исток. Во Дубаи лани почна да работи приватна канцеларија, во којашто клиентите доаѓаат само со покана. Само уште во Гудвуд им се укажува таква чест на клиентите. Rolls-Royce годинава ќе отвори нови приватни центри.
Најголем број возила се продаваат во „Америките“, дури потоа следи Кина. Во Европа паднаа рекорди на неколку пазари, вклучувајќи ги Германија и Велика Британија.
Rolls-Royce месецов одбележува 20-годишнина од преселувањето на производството од Кру во Гудвуд, како дел од BMW, од некогашен произведувач на еден модел (Phantom) со динамика од едно возило дневно
Испораката на првиот електричен модел на Rolls-Royce, купето Spectre коешто доаѓа во замена за Wraith, почнува во четвртиот квартал годинава. По 2030 година, Британците ќе произведуваат единствено електрични автомобили.
Најпродаван модел лани бил СУВ-моделот Cullinan. Во Азискиот Пацифик, најголема е побарувачката за Ghost. Постои голем интерес и за моделските изведби Black Badge, коишто се квази-спортска изведба на стандардните модели.
View this post on Instagram