за

Toyota стартува со продажба на новиот Prius во Јапонија

Впечатлив изглед и спортски возни својства го надградуваат имиџот на новата Toyota Prius, пионерот на хибридниот погон.

Тоа е заслуга на големото име што Toyota Prius го има на сцената. Како прв автомобил со хибриден погон, што почна да излегува од фабрика пред повеќе од 25 години, тој во петтата генерација уште има големо име за да привлекува клиенти и во време кога електричниот погон станува сé помасовен. Реално, никогаш досега не било полесно човек да се реши за хибриден погон.

Toyota почнува со продажба на новата генерација на Prius, во изведбата со самополнечни хибриден погон. Во март ќе следи и изведбата со приклучен хибриден погон.

Развојот на новиот модел се раководеше според начелото на „Hybrid Reborn“. Тоа донесе посимпатичен изглед и поголемо уживање во возењето, како надградба на имиџот на исклучително штедлив, чист и технолошки супериорен автомобил, што го следи Prius уште од стартот во декември 1997 година.

Силуетата во новата генерација на Prius останува непроменета, со хауба и ветробран речиси во иста линија и со долго спуштање на линијата на покривот до самиот опаш. Бројни детали внесуваат свежина, заедно со неколку зафати што прават Prius да изгледа како да е прилепен за асфалтот и ја издолжуваат каросеријата.

Според дизајнерите на Toyota, новата генерација на Prius поседува „универална убавина што ќе биде популарна и во иднина“

New item by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста го следи принципот на „островска архитектура“, со многу простор и релаксирачко чувство, што на возачот му помага за целосно да се посвети на возењето.

Од осумте бои што се достапни во гамата, две се издвојуваат: Боја на пепел и боја на сенф, коишто внесуваат спортска нота во изгледот.

Хибридниот погон во меѓувреме ја достигна петтата генерација. Corolla Cross е прв модел во којшто Toyota го вгради новиот погон, што во Prius дополнително ги извлекува сите придобивки на технологијата. Постојат две варијанти на самополнечкиот хибриден погон, едната со 1,8-литарски, другата со 2,0-литарски мотор. Посилната изведба троши 3,5 литри бензин на сто километри, со максимална моќност од 196 КС, што е за 60% повеќе во споредба со претходничката.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со штедливоста уште повеќе се издвојува верзијата со 1,8-литарец, чијшто погон претрпе усовршувања во сите компоненти што го сочинуваат истиот. Потрошувачката на оваа изведба изнесува 3,07 литри според нормата WLTC.

Освен во ефикасноста на погонот, инженерите работеа и на перформансите, а посебно на забрзувањето, со цел да се постигне чувство како кај автомобил со класичен автоматски менувач.

Платформата што ја користи новата Toyota Prius е TNGA од втора генерација. Промените во новата платформа се во тоа што тежиштето дополнително е спуштено и се овозможува користење уште поголеми тркала.

New item by Automedia MK / Google Photos

Гамата ја дополнуваат верзии со погон на сите тркала, со најнова генерација на системот E-Four. Со електромотор и за задната оска, Prius во оваа верзија нуди подобрена стабилност во свијоци, како и способност за искачување кога патот е лизгав.

Системите за асистенција во Toyota напредуваат буквално со секој нов модел што марката го пушта во продажба. Новиот Prius е прва Toyota што располага со систем за предупредување кога друго возило се приближува кон опашот. Дополнителна функција претставува и самостојното активирање на сопирачките во случај на судир одзади, за да се спречи возилото да се залета нанапред и притоа да се предизвикаат дополнителни повреди.

Цените во Јапонија се движат од 2,75 до 3,92 милиони јени, односно од околу 19.500 евра до 27.700 евра. Планираната продажна динамика за домашниот пазар е 4.300 возила месечно. Prius се произведува во фабриката во Цуцуми, во Тојота Сити.

New item by Automedia MK / Google Photos

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака изгледа новиот салон за Rolls-Royce во Лондон

Rolls-Royce првпат во историјата со повеќе од 6.000 возила за една година

Mercedes-Benz ја заврши годината со само 1% во минус