за

Volvo, Volkswagen и Toyota најдобри според Auto Test

Специјалното издание за авто тестови на Auto Bild ги објави резултатите од студијата за задоволството на сопствениците од нивните возила. Според нив, Volvo е најдобра марка.

Шведската и јапонската марка покажаа мошне солидни резултати. Volvo се издвои како најдобра марка, додека Toyota постигна најмногу победи во категории, односно победи во три од вкупно девет категории на возила. Volkswagen Golf и Seat Leon освоија злато при доделувањето на наградите од редакцијата на магазинот Auto Test.

Победници во одделните категории на возила:

[one_half]Мини возила
Toyota Aygo[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20130508_061572[/one_half_last]

[one_half]Градски возила
Toyota Yaris[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20130516_061932[/one_half_last]

[one_half]Компакти
Toyota Prius[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20130605_062645[/one_half_last]

[one_half]Средна класа
Volkswagen Passat CC[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20101210_016898[/one_half_last]

[one_half]Виша класа
Volvo V70/XC70[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20110814_027591[/one_half_last]

[one_half]Компактни ванови
Opel Meriva[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20120604_043276[/one_half_last]

[one_half]Ванови
Seat Altea[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20110114_018263[/one_half_last]

[one_half]Компактни теренци
Honda CR-V[/one_half]

[one_half_last]ampnet_photo_20120914_048908[/one_half_last]

[box type=”info” ]Студијата се базира на резултатите од анкетирањето на 18.000 сопственици на возила и покажува колку тие се задоволни со атрактивноста, квалитетот, сервисирањето и трошоците за одржување на нивните возила. Во студијата беа опфатени 25 производители со 106 различни моделски серии.[/box]

Паралелно со презентацијата на резултатите од студијата, Auto Test доделува и сопствени награди. Носители на златото за оваа година се Volkswagen Golf и Seat Leon, додека за иновација на годината е прогласена техниката Ecoboost на Ford.

Награда за најдобра противвредност добија Skoda Citigo 1.0 MPI (мини возила), Peugeot 208 82 VTi (градски возила), Hyundai i30 1.4 (компакти), Mazda 6 Kombi 2.2 Skyactiv‐D (средна класа), Audi A6 2.8 FSI Multitronic (виша средна класа) и Dacia Dokker dCi 90 Lauréate (ванови).

Основа за редакциските награди се повеќе од 500 тестови и водичи при купување кои што се објавувани во текот на цела година. Покрај факторите како забрзување, еластичност, пат на сопирање и потрошувачка, за победниците решаваат и цената на возилото, оперативните трошоци, квалитетот на возилото и безбедноста, како и вредноста при препродажба.

Студијата се базира на анкетирањето на 18.000 сопственици на возила и покажува колку тие се задоволни со атрактивноста, квалитетот, сервисирањето и трошоците за одржување на нивните возила. Во студијата беа опфатени 25 производители со 106 различни моделски серии.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

BMW ќе оди со помала заработка во Кина

Honda повикува на патување