Волво бара нов дизајнер, Ник Гронентал привремено на шефовското место

Волво: „Ублажувањето на долгорочните заложби за краткорочна корист донесува ризици што ја подриваат конкурентноста на Европа во годините што доаѓаат.“ На сликата е Волво Икс Ц 70 со приклучен хибрид со долг досег.

По одвај две полни години на местото на главен дизајнер, Џереми Офер си заминува од Волво Карс.

Офер го отстапи местото за да посвети повеќе внимание на своето семејство во Обединетото Кралство, соошти Волво во порака до вработените, којашто доспеа до Аутомотив Њуз Европа.

„Одлуката не беше лесна, но за мене е вистинската,“ порача Офер во пораката. „Посебно сум горд на нашиот тим и на работата што заедно ја завршивме и знам дека го препуштам дизајнерскииот тим на Волво Карс во мошне способни раце.“

Негов привремен заменик ќе биде Ник Гронентал, кој стапува на должност на 15-ти август. Гронентал е главен за автомобилскиот дизајн. Роден во САД, тој се придружи на Волво во 2022 година, како главен дизајнер во поранешното студио во Калифорнија.

Извршниот директор Хакан Самуелсон го гради својот тим

Ова е втората голема смена на менаџер под раководството на новиот извршен директор Хакан Самуелсон, кој на 1-ви април се врати на челото на шведскиот производител. Првата промена беше назначувањето на Фредрик Хансон за директор за финансии. Самуелсон го замени Џим Роуан, кој го назначи Офер за шеф на дизајнот, иако Офер претходно немаше искуство во работа со највисока одговорност кај светски производител на автомобили.

Во тоа време, Роуан кажа дека Офер донел свежа перспектива, способност за мултитаскинг и „плетора на награди Ред Дот за индустриски дизајн“ во Волво.

Пред да почне да работи во Волво, Офер беше главен дизајнер и виш потпретседател во Арајвал. Тоа беше стартап за електрични возила, којшто својот огранок во Обединетото Кралство го стави во стечај во февруари 2024 година. Подоцна во истата година, стартапот за ЕВ возила Кану ги купи производсвените капацитети на Арајвал.

Роуен, исто како Офер, беше новодојденец во автомобилската индустрија, кога стана извршен директор на Волво во март 2023 година, со претходно искуство на високи позиции во Дајсон и Блекбери.

„Се чини дека тој експертимент со новодојденци како извршни директори и главни дизајнери не заврши најдобро,“ изјави за Аутомотив Њуз Европа инсајдер од браншата, со добри познавања на состојбите во Волво и останатите производители.

Поранешниот главен дизајнер Томас Ингенлат се врати како советник

Заминувањето на Офер се случува по еден месец откако матичниот концерн на Волво, Џили Груп, го назначи Томас Ингенлат за виш советник за дизајн.

Ингенлат почна на новата функција во јуни и одговара пред претседателот на групацијата Џили, Ерик Ли. Тој ќе работи на посебни проекти што се насочени кон дизајнот, за марките на компанијата, односно за Волво, Полстар, Џили Ауто, Зикр и Линк и Ко, соопшти претставник на Џили.

„Волво му е во крвта на Ингенлат“, кажа инсајдерот, додавајќи дека Германецот донесува со себе децении во работа во дизајнот, вклучувајќи и 12 години за концернот Фолксваген.

Самуелсон исто така е убеден дека Ингенлат ќе биде големо засилување.

„Тој има одлично чувство за тоа како ќе изгледа добриот дизајн во иднината. Тој исто така има богато искуство со врската меѓу добриот дизајн и тоа што може да се реализира од инженерско гледиште,“ изјави Самуелсон за Аутомотив Њуз Европа на 17-ти јули.

Самуелсон додаде дека Ингенлат ќе биде од „непроценлива вредност“ за дизајерскиот тим на Волво. „Мислам дека тој ќе им помогне, ќе ги поучи,“ изјави Самуелсон.

Ингенлат, кој живее во Гетеборг, често пати ги посетува дизајнерските студија на Волво, кажува инсајдерот и додава дека тој не очекува Гронентал да биде постојан главен дизајнер во Волво, затоа што исто како Офер, тој нема богато искуство во раководењето со дизајнот на производител на автомобили од врвна лига.

Гронентал, 44-годишен, почна да работи како дизајнер во БМВ Дизајнворкс во 2005 година и близу 10 години работеше за баварската марка, пред да премине во Фарадеј Фјучр во 2015 година.

Тој си замина од Фарадеј за да биде соосновач и креативен директор во сопствената компанија СЦ+П, со седиште во Лос Анџелес. Потоа следи ангажманот во Кану.

Претходна објаваГерманија со рекордна продажба на електрични автомобили, Фолксваген се главни
Следна објаваТоп 10 најпродавани модели во Европа до јуни (Дел 4): Премиум модели, од градска до луксузна класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here