Одлуката на Volvo Cars да назначи директор, кој ќе го води тимот за дизајн, без претходно искуство во традиционална автомобилска марка, можно е да прерасне во нов тренд во браншата.
Аналитичарите на автомобилскиот свет веќе масовно го коментираат потегот околу дизајнот на шведската марка Volvo Cars. „Ова е првпат, но веројатно не и последен пат, еден производител на автомобили целосно да го смени својот дизајн, поставувајќи човек што не е долгогодишен дизајнерски бос“, оценува познатиот Сем Ливингстоун, главен консултант во агенцијата Car Design Research, во одговор за индустриското гласило Аутомотив Њуз. „Верувам дека и извесен број други марки, со голем интерес ќе го следат и ќе го ценат овој потег.“
Новиот шеф за дизајн на Volvo, Џереми Офер, располага со повеќе од 30-годишно искуство како дизајнер, но ова ќе биде негово прво назначување за највисок раководител во автомобилска компанија од светско значење.
Менаџерот на 55-годишна возраст стапува на новата функција на 1-ви мај. Тој доаѓа од стартап-компанијата за електрични доставни возила Arrival. Џереми Офер таму има функција на виш потпретседател и главен дизајнер. Пред да почне да работи во Arrival, Офер раководел со индустрискиот дизајн и бил дел од највисокиот тим менаџери во консултантската компанија EPAM. Неговата задача била компаниите да се советуваат за дизајнот на индустриските производи и на услугите.
„Врвот на ледникот“
„Ценам дека ова е само врвот на ледникот, пред големото протресување на автомобилскиот дизајн, поради преоѓањето ,кон софтверски дефинирани, автономни и електрични возила“, објаснува Ливингстоун.
Запрашан околу оваа одлука, извршниот директор на Volvo, Џим Роуен, потврдил дека тоа е избор надвор од вообичаените граници на размислување.
„Апсолутно сте во право. Друго е да изберевме традиционален автомобилски дизајнер со 20, 30 години искуство“, коментираше Роуен за Аутомотив Њуз. „Искрено, имаме многу луѓе во нашиот бизнис што навистина го разбираат автомобилскиот дизајн, луѓе со децении и децении искуство. Сега сакаме да внесеме повеќе од индустрискиот дизајн.“
Роуен е сигурен дека Офер ќе внесе нови гледишта и ја цитира неговата „плетора од награди Ред Дот за индустриски дизајн.“. Тој цени и дека една од силните страни на Офер е неговата способност за мултитаскинг.
„Кога во исто време работиш за четири или пет различни клиенти, мислиш различно“, вели Роуен. „Тоа се обидуваме да го внесеме во миксот. Неговото искуство ќе го приклучиме на искуството што веќе го имаме во компанијата, и се надевам дека тоа ќе го однесе Volvo го следното ниво.“
https://youtu.be/YrPUcOZWXOM
Ливингстоун цени дека Роуен, поранешен директор во Dyson (револуционерни правосмукачки) и Blackberry, кој првпат работи во автомобилска компанија, е вистинскиот човек да направи таков смел потег.
„Тој не е автомобилски човек, така што не се двоуми да постави луѓе како него, кои имаат различни видови искуство во другите индустрии“, кажува аналитичарот..
Запрашан околу потенцијалните ризици со овој потег, Ливингстоун објаснува: „Ризик е за Volvo да постави човек што е надвор од далеку најпрефинетата работна сила во автомобилскиот дизајн, но постои цел тим автомобилски дизајнери во Volvo – веројатно ќе беше поголем ризик, ако се постапеше поинаку.“
Смената требаше да се направи уште одамна
Инсајдер во компанија цени дека уште одамна требало да се смени правецот на дизајнот. „Мислам дека е важно за Volvo да се издвои од Томас Ингенлат, кој патем работи за Polestar,” кажува изворот на Аутомотив Њуз.
Ингенлат стана главен дизајнер во Volvo во 2012 година. Откако беше именуван за прв извршен директор на Polestar во 2017 година, тој ја задржа општата одговорност за изгледот и чувството во Volvo, како главен дизајнер.
Во меѓувреме, шефот за дизајн на ентериер Робин Пејџ, беше поставен да раководи со одделението за дизајн на Volvo, како виш потпретседател за дизајн.

Polestar O2
Ингенлат во 2021 година му ја препушти целосната контрола на Пејџ околу дизајнот на Volvo.
Изворот цели дека е голема неизвеснота дали Пејџ ќе успее да го ресетира дизајнерскиот правец на марката, имајќи ја предвид неговата поврзаност со Ингенлат.
Една од критиките за првиот модел на Volvo под шефовството на Пејџ, за електричниот СУВ-знаменосец EX90, се однесува на тоа што голем дел од обележјата на дизајнот на Ингенлат се пренесени во моделот.
Офер ќе се придружи во менаџерскиот тим на групацијата Volvo, на местото на Пејџ, 51, којшто ќе одговара пред Офер и ќе биде на функција на виш советник.
















