за

Шефот на Volvo со критики до земјите што сакаат да ја блокираат забраната за мотори

Намерата на Германија, Италија и источноевропските држави, да ја ублажат забраната за мотори по 2035 година што ја предлага ЕУ, „претставува загрижувачки и разочарувачки развој“ вели шефот на Volvo.

Извршниот директор на Volvo, Џим Роуен, испрати критики до Германија, Италија и до неколку држави од Источна Европа, коишто бараат начини за го ослабнат планот на ЕУ, за забрана на продажба на нови автомобили што користат фосилни горива.

Европскиот Парламент „го потврди овој договор на 14-ти февруари. Државите членки требаше да го направат истото во почетокот на март,“ објави Роуeн во вторникот, на својот профил на мрежата LinkedIn. „Некои од нив, сега дури и се обидуваат да ја попречат постапката. Тоа е крајно загрижувачки и разочарувачки развој на настаните.“

Германија склучи сојуз со Италија и со неколку држави од Источна Европа, којшто се противи на забраната за мотори со внатрешно согорување по 2035 година. Сојузот бара автомобилите што користат е-горива да бидат исклучени од забраната.

Роуан порачува дека поставувањето цел за нулта емисија за сите нови патнички автомобили и доставни возила е сведоштво дека ЕУ има „глобално лидерство за климата, во критично време за нашата планета и за човештвото.“

„Сега не е време, за нашата индустрија да се прават отстапки и да се блокираат целите за климата што се научно базирани“, пишува директорот во својата објава. „Сега не е време, на домашните политички интереси да им се дава предимство пред здравјето и добросостојбата на нашата планета и на граѓаните на ЕУ, а посебно на идните генерации. Сега е време за силна, одлучна и напредна политика и водство.“

Volvo сака половината од својата продажба на возила во светски рамки да ја покрива со целосно електрични модели во 2025 година. Тоа се околу 600.000 возила. Следната цел е преоѓање на целосно електрична понуда од возила до 2030 година. Дополнително на тоа, шведскиот производител на автомобили сака до 2040 година да постигне климатска неутралност.

„Свесни сме за обврската што ја имаме за да помогнеме во заштитата на планетата,“ вели Роуен. „Ги повикуваме владите во ЕУ да покажат дека и тие се свесни.“

Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, во понеделникот кажа дека е-горивата треба да се изземат од забраната за мотори со внатрешно согорување. Тој понатаму наведе дека таков исклулок нема да го забави напредувањето на производителот на автомобили во електромобилноста.

„Доколку се дозволат е-горива во иднината, тоа нема да предизвика промени во стратегијата на Porsche,” изјави Блуме, којшто е воедно извршен директор на целата групација Volkswagen, за време на годишната конференција за медиуми на концернот од Волфсбург.

Ова не е првпат, Роуен да не се сложува со насоката во којашто се впуштаат европските автомобилски гиганти, како што е групацијата Volkswagen.

Електричниот СУВ-модел EX90, знаменосец на шведската марка, има клучна улога за растот на продажбата на батериски електрични автомобили.

Роеун во минатата година реши да ја повлече марката Volvo од главната лобистичка група на европските произвоители на автомобили ACEA. Тој го образложи овој чекор со „разидувањето“ меѓу двете страни во поглед на нивните стратегии за одржливост.

Забраната за мотори со внатрешно согорување, главниот инструмент на ЕУ за да забрза преоѓањето на Европа кон електричните возила, ставена е во мирување, откако Германија и Италија искажаа противење во почетокот на месецов.

Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка, во понеделникот кажа дека Европската Комисија е можно во следните недели да даде правно обврзувачки предлог за е-горивата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz GLC Coupe: Важна е формата, електромотор е стандард во погонот

Хибридот на Lamborghini работи со V12 и три електромотори