Пат по којшто често се возат велосипедски тури е обновен со површински слој што содржи пластичен отпад и згура што се создава при рециклирање челик.
Делница од патот Харогејт во Лидс, Велика Британија, доби нов слој што содржи стотици тони челична згура и 850 килограми пластичен отпад. Второво одговара на тежината на 170.000 ќеси од супермаркет. Сето тоа е измешано со 213 тони агрегат што се состои од згура од топење на приближно 700 автомобилски каросерии. Volvo е дел од овој проект, како официјален автомобилски партнер на Британскиот Триатлон. Во јуни во Лидс гостува светското првенство во триатлон.
Патот „Рециклиран“ е изработен со помалку влијание врз животната средина, затоа што дупките во подлогата се пополнети со 850 килограми пластичен отпад. Истото важи и за 213 тони агрегат што се состои од згура што настанува при топење челик. Атмосферата е поштедена од 3.200 килограми СО2, преку самата изработка на патот, како и преку користењето пластични ќели во замена за 850 килограми битумен, кој е од фосилно потекло.
Ваквата изградба има дури и предности наспроти вообичаените начини во поглед на долготрајноста, затоа што пластиката е пофлексибилна на променливите временски услови и температури, што значи дека и повеќе е отпорна на создавање пукнатини.
Во Велика Британија во последните пет години по патиштата загинале 250 велосипедисти поради оштетени патишта, кои се обидувале да ги избегнат дупките на патот.
„Рециклираните патишта“ се проект на шведската марка што следи откако во земјата почна продажбата на Volvo XC40 Recharge Twin, кој користи чисто електричен погон. Тоа е прв од пет модели со погон чисто на струја, што Швеѓаните ќе ги лансираат во следните пет години. Volvo до 2030 година ќе прерасне во производител што ќе нуди само електрични возила, вклучувајќи приклучни хибриди.
















