Во Формула Е-тимот што вози под електричната марка на Mercedes се убедени дека преку партнерството со Seedlip поттикуваат позитивни промени за целата планета.
Трките во електричната Формула се возат насекаде низ светот и со тоа претставуват одлична можност на публиката да им се претстават стремежите за одржливост и иновација во светот на „жестоките“ безалкохолни пијалоци. Seedlip е прв дестилиран, безалкохолен пијалок во светот, што е создаден од дилемата: „Што да се пие, кога човек не пие“. Продажбата стартуваше во ноември 2015 година и производот моментно се нуди во близу 40 држави ширум светот.
Како дел од партнерството, Seedlip ќе биде достапен во викендите, за време на трките за големата награда. Паралелно со одржувањето на трките, Seedlip ќе организира настани во Њујорк и Лондон.
Според Бен Бренсон, основач на Seedlip, „започна иднината на пиењето и иднината на мотоспортот“.
Seedlip е претпријатие посветено на природата, со седиште во Англија и со мисија да ги смени навиките за пиење ширум светот. За тоа да се постигне, фирмата го нуди првиот дестилиран неалкохолен пијалок. Станува збор за алтернатива на преслатките или овошни опции, што веќе е одомаќена во бројни метрополи ширум светот, од Лондон, преку Барцелона, Тајван, Стокхолм, Берлин, Копенхаген, Милано, Хонг Конг, Њујорк, Лос Анџелес, Кејптаун, Сан Франциско, Сиднеј и Мелбурн.
















