Роберт Енгелхорн (51) го заменува Кнут Флор како директор на фабриката на BMW во Спартанбург, САД, кој заминува во пензија. Во американската фабрика се произведуваат најголемиот број од теренците од сериите X на BMW.
Спартанбург лани произвел над 360.000 возила BMW, и покрај отежнатите услови поради пандемијата. Енгелхорн е актуелен директор на матичната фабрика на марката, во Минхен. На неговото место е назначен Петер Вебер (49), кој доаѓа од местото на директор на фабриките во Оксфорд (Mini) и Свиндон (изработка на пресувани делови и каросериски компоненти).
Вебер има важна задача во Минхен, затоа што го поседува искуството со пуштањето во производство на електричниот Mini Cooper SE. Во баварската престолнина наесен почнува производството на првиот i4.
На местото на Вебер доаѓа Маркус Гринајзл (45), моментно одговорен за производствениот систем, беспрекорното производство и дигитализацијата на фабриките на BMW.
Директорот за производство на целата групација BMW, Милан Недељковиќ, го поздравува назначувањето: „Тројцата се исклучителни експерти и располагаат со одлично познавање на процесот, долгогодишно искуство, а секако и со одлични раководителски способности. Убеден сум дека колегите целосно ќе ги спроведат решавачите теми на иднината – преоѓањето во ерата на електромобилноста, дигитализацијата и одржливоста – продолжувајќи ја успешната приказна на нашите фабрики.“
















