за

Австрија тестира градски автобус со погон на водород

Автобус од полско производство што користи водород како погонско гориво почнаа да сообраќа во австриската покраина Корушка.

Производител на автобусот е Solaris, полска фабрика што прерасна во специјалист за новите видови погон. Автобусот од типот Urbino 12 hydrogen од пред неколку денови сообраќа низ пределите на Корушка, во австриската покраина што граничи со Словенија, за властите и компаниите да се запознаат со погонот на водород.

Автобусот на Solaris беше претставен пред одговорните институции и пред компаниите за транспорт на настан во австрискиот град Вилах. Тестирањето на водородниот Urbino ќе трае до крајот на мај.

Извршниот директор на Solaris Bus & Coach, Хавиер Каљеха, на настанот во присуство на новинари од повеќе земји коментираше: „Автобусите со нулта емисија се иднината на јавниот транспорт, во тоа нема сомневање. Како еден од најголемите прозиводители на возила за градски превоз во Европа, чувствуваме одговорност да поставиме трендови, чијшто главен критериум е нашата грижа кон животната седина и комфорот на градските патници. Среќни сме што расте бројот на земји кои стануваат свесни за водородната технологија, којашто е надмоќно, зелено решение, како надополнување на понудата од електрични возила од нашата компанија.“

Претставници од локалната власт во Корушка на настанот открија детали за проектот „H2 Carinthia“, чијашто цел е да се создаде модел на регион што ќе користи водород во јавниот транспорт и во индустријата. Во проектот се предвидува и поставување станица за точење водород. Моментно се чека единстено да се означи почеток на реализацијата на проектот. Се очекува автобусите да почнат да сообраќаат веќе во текот на следната година.

Основни технички податоци · Solaris Urbino 12 hydrogen

Погон

  • Електрична портална оска ZF AVE130 2 x 125 kW
  • Горивна ќелија, моќност · 70 kW
  • Батерии за поогонска спрега · Литиум јон
  • Резервоари за водород · Композит, 5 x 312 L

Шасија

  • Предна оска ZF со независно водење
  • Погонска оска ZF портална оска со интегрирани електромотори
  • Управување · RB Servocom
  • Сопирачки · EBS (Electronic Braking System), ABS (Anti-Lock Braking System), ASR (Acceleration Slip Regulation), опција ESC (Electronic Stability Control)
  • Суспензија, висинско дотерување · ECAS воздушна суспензија со самоизедначување и „клекнување“ за пристап

Каросерија

  • Од нерѓосувачки челик, со отстранливи странични плочи
  • Врати, конфигурации
  • Option – 1-2-0
  • Option – 2-2-0
  • Option – 1-2-2
  • Option – 2-2-2
  • Option – 2-2-0
  • Висина на влез · 320 mm
  • Рампа за инвалидска количка · На 2-ра врата, со рачно или електрично ракување
  • Седишта · max. 37 + 4

Досег 350 km

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ID.3

Електричниот ID.3 во Германија се продава исто колку Polo

BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

Три фабрики на BMW добиваат нови директори