Електричниот ID.3 во Германија се продава исто колку Polo

Volkswagen ID.3
Volkswagen ID.3

Автомобилската сцена во последниве години се менува буквално од корен, се случува револуција споредлива со почетокот на производството на автомобили на подвижна лента. Предводник на промените е електричниот погон, а со него доаѓаат и конективноста, автопилотираното возење и одржливоста. Отстапувањето на „зацементираното“ место на најпродаван модел во Европа на Volkswagen Golf во март, навести дека промените допрво ќе се случуваат. Golf, всушност, не слабее, туку јакне неговиот чисто електричен пандан, ID.3. Следи еден мал преглед на продажбата на германскиот пазар.

По повеќедецениска доминација, Golf го отстапи првото место во продажбата на автомобили во Европа во март. Но, тој повеќе не е сам. Постои „нов голф“, а тоа е електричниот ID.3. Кралот на компактите и татко на голф-класата, сепак, веднаш си ја врати позицијата. Но, целата таа фама околу пропуштањето на првата позиција, наметна едно прашање. Зошто „слабее“ Golf?

Golf не слабее, туку јакне неговиот електричен пандан. Колку во меѓувреме се сменија работите општо на автомобилската сцена, и во самата марка Volkswagen, сведочи и фактот што ID.3 веќе имаше македонска премиера во Порше Македонија и во редовна понуда е на увозникот за VW Group, исто како Golf или Octavia. Електро-пионерот меѓу компаниите, ПроКредит Банка, веќе располага со возен парк од неколку примероци од ID.3.

Но, колку добро се продава електричниот компакт, „голф“ на утрешнината што веќе е почната? За тоа, секако дека најдобриот одговор може да го даде најголемиот и најдинамичен автомобилски пазар во Европа – домашниот пазар на VW и ID.3, Германија.

Педантната статистика на автонацијата открива дека во април во земјата биле продадени 2.264 примероци од ID.3. За споредба, Golf се продал во 7.203 примероци. Приближно на секој еден продаден ID.3 доаѓа по еден Golf. Вкупно, пак, од јануари до април, во Германија се продадени 8.215 примероци од ID.3 и 33.796 примероци од Golf.

Електричниот компакт уште е многу далеку од Golf, меѓутоа според априлската динамика на продажба веќе се носи со Серија 1 и со X1 на BMW, со Seat Leon, со Audi A4, а ги остава зад себе Ford Kuga, Renault Captur, Kia Ceed, Opel Crossland X и други.

Тоа што е неоспорен факт: Volkswagen моментно има два бестселери. Едниот е традиционален – иако во осмава генерација повеќе е техно-авангарда – вториот е електричен. Двата модели се разликуваат тотално во погонот, па и кругот на купувачи има само мали поклопувања, меѓутоа кога во иднина ќе се случи Golf пак да го препушти традиционалното прво место во продажбата во Европа, причината за тоа е самиот „голф“, поточно ID.3, за којшто се’ повеќе ќе се решаваат купувачите што претходно би посегнале по Golf. Има и ID.4, од него исто се очекува многу.

Продажба по модели на Volkswagen во Германија, јануари – април 2021

Модел Април Јан-Апр.
GOLF 7,203 33,796
TIGUAN 5,567 24,966
T-ROC 4,901 18,231
PASSAT 4,320 19,746
UP 3,801 14,533
TRANSPORTER 2,820 11,155
POLO 2,728 9,605
T-CROSS 2,591 10,407
ID.3 2,264 8,215
CADDY 2,137 7,020
TOURAN 1,698 5,939
ID.4 1,446 2,891
ARTEON 872 3,020
TOUAREG 445 2,720
CRAFTER 234 833
SHARAN 176 795
Други 27 212
Вкупно Volkswagen 43,230 174,084

Најпродавани модели во Германија во април ’21

GOLF 7,203
TIGUAN 5,567
T-ROC 4,901
CORSA 4,596
FIAT DUCATO (како основа за камп-возила) 4,588
PASSAT 4,320
MINI 4,033
Серија 3 3,984
OCTAVIA 3,934
UP 3,801
GLK, GLC 3,477
ASTRA 2,852
A6, S6, RS6 2,847
FOCUS 2,831
VW TRANSPORTER 2,820
A-KLASSE 2,766
POLO 2,728
T-CROSS 2,591
A3, S3, RS3 2,576
A4, S4, RS4 2,401
Серија 5 2,391
LEON 2,386
X1 2,336
Серија 1 2,311
KONA 2,274
ID.3 2,264
KUGA 2,237
V-KLASSE 2,211
500 2,160
CAPTUR 2,159
PUMA 2,142
CADDY 2,137
CLA-KLASSE 2,016
CEED 1,970
Серија 2 1,949
Q3 1,887
X3 1,801
B-KLASSE 1,774
GLA 1,773
KAMIQ 1,772
E-KLASSE 1,763
CROSSLAND X 1,760
ATECA 1,743
CLIO 1,702
TOURAN 1,698
TRANSIT, TOURNEO 1,677
YARIS 1,670
FORTWO 1,652
KAROQ 1,638
SUPERB 1,616

Претходна објаваЕлектрификацијата во Kia почнува во „блага“ форма
Следна објаваАвстрија тестира градски автобус со погон на водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here