Не само зелено, туку и струја за напојување на масивното осветлување на Ајвеловата Кула, произведена од генератор што користи погон на водород. На Toyota дефинитивно ѝ успеа уште еден маркетиншки подвиг – во корист на Планетата.
Toyota направи париското, француското и планетарното обележје да засвети во зелена боја. Ајфеловата Кула на 25-ти мај во секоја смисла светеше „зелено“. Енергијата за зелените светилки доаѓаше од генератор со погон на водород, односно генератор што ја користи водородната техника на Toyota.
Горивните ќелии, во коишто се одвива главната хемиска реакција што предизвикува да се „растрчаат“ електрони, идентичен е со горивните ќелии во Toyota Mirai. Тоа е лимузина од сериско производство што Јапонците ја нудат веќе во втора генерација, и нормално, користи водород, место тешка батерија што долго се полни.
Станува збор за втор проект меѓу Toyota и EODev (Energy Observer Developments), откако соработката започна пред неколку години со карамаранот со водороден погонски модул
Настанот под наслов „Paris de l’hydrogene“ (Париз од вородод) беше организиран од Energy Oberserver. Зеленото светло на Ајфеловата Кула симболизираше водород произведен со енергија од обновливи извори. Целиот простор околу Кулата беше осветлен во истиот тон, каде што бројни компании изложуваа решенија за енергија и мобилност, меѓу другото и возила.
Toyota паралелно ги развива веќе добро воспоставените погонски технологии. Секако дека хибридниот погон останува како „доброутро“ во марката. во следниве неколку години во понудата пристигаат и приклучни хибриди, како и чисто електрични модели.
















