Во повеќе од 5.000 автобуси од марките Mercedes-Benz и Setra се вградени повеќеслојни филтри за честички со висока ефикасност со прогресивна конструкција.
Во филтрите се вградува и т.н. функционален слој за заштита од вируси, што пречистува до 99% од аеросолите во внатрешноста. Возилата располагаат со соодветни системи за климатизација, што воздухот во внатрешноста можат да го освежат целосно за време меѓу една до четири минути. Во овие автобуси е поставена добро видлива налепница покрај вратите.
Mercedes уште во почетокот на пандемијата почна да вградува и заштитни прегради, за возачот да биде одвоен од патниците. Пет илјади градски, меѓуградски и туристички автобуси од двете марки се опремени со вакви врати за заштита на возачот. Овие панели се целосно проѕирни и може да се вградат во новите нарачани автобуси, но и во постоечките автобуси.