за

Volvo во мај ја зголеми продажбата за близу третина

Шведскиот производител Volvo Cars во минатиот месец продаде 60.398 автомобили, што е за 31 процент повеќе во споредба со истиот месец лани.

Главниот двигател во продажбата на Volvo во мај беа батериските електрични автомобили. Нивниот пазар во минатиот месец порасна за 196 проценти. Друга причина за големата разлика е тоа што лани во мај беше значително отежнато снабдувањето со делови од добавувачите.

Во првите пет месеци од годинава, Volvo Cars продаде 275.312 автомобили, за 14 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2022 година.

Заедничката продажба на моделите од потсемејството Recharge, каде што спаѓаат приклучните хибриди и батериските електрични автомобили, во мај порасна за дури 55 проценти. Овие модели со електромотор во погонската спрега сочинуваат 40 проценти од продажбата на Volvo во мај. Само батериските електрични автомобили сочинуваат 18 проценти од продажбата.

Едно од секои пет продадени возила на Volvo на светскиот пазар во мај е со целосно електричен погон

На европскиот пазар се продадени 26.272 возила и тоа е за 40 проценти подобро во споредба со лани. Уделот на моделите Recharge во Европа изнесува 63 проценти, додека целосно електричните автомобили учествуваат со дури 29 проценти.

САД напредувале за 14 проценти, со 10.723 продадени возила во мај. Моделите Recharge учествуваат со 28 проценти во тамошната продажба. Целосно електричните модели напредувале за 66 проценти.

Во Кина, втор најголем пазар за Volvo, во мај се продадени 14.121 возила или за 49 проценти повеќе во споредба со истиот месец во 2022 година. Уделот на моделите Recharge пораснал за 116 проценти и тие сочинуваат 8 проценти од продажбата на шведската марка во Кина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volvo Cars (@volvocars)

Најпродаван модел во мај е Volvo XC60, конкурент на BMW X3, Mercedes-Benz GLC и Audi Q5, со 18.052 возила (2022: 15.117 примероци). Втор е XC40, со вкупно продадени 17.596 возила (2022: 12.097 примероци), трет е луксузниот XC90 со 9.058 возила (2022: 8.790 примероци).

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota додава уште еден автомобил со погон на водород во понудата

Новиот Peugeot 3008 доаѓа со сосем нова организација на кокпитот