за

Volvo во првите два месеци продал за третина повеќе возила од лани

Шведската марка постигна солидна продажба и во февруари. Volvo во првите два месеци од годината продал за 29,1 проценти повеќе возила отколку во истиот период лани.

Вкупната продажба на Volvo во јануари и февруари изнесува 110.383 возила, со раст на клучните пазари, САД, Европа и Кина. Големиот раст во одредена мера се должи на заздравувањето на пазарот во Кина, во споредба со истиот период лани. Од друга страна, солидно напредува пазарот во САД, но и домашниот пазар.

Во февруари, Volvo продал 50.795 автомобили на светскиот пазар, за 27,8 проценти повеќе од истиот месец лани. Шведската марка во историјата нема постигнато повисока февруарска продажба, отколку годинава.

Позитивниот тренд важи за сите сегменти од понудата на Volvo, вклучувајќи ги приклучните хибриди и чисто електричните модели од потсемејството Recharge. Тие учествувале со 26,6 проценти во вкупната продажба на Volvo во минатиот месец. Само во Европа, моделите Recharge учестувале со 44% во продажбата.

Во Кина до февруари се продадени 29.243 автомобили, што е 160,6 проценти повеќе во споредба со првите два месеци лани, кога Кина се соочуваше со силен напад на епидемијата од ковид-19.

Продажбата во САД постигна 17.315 возила во јануари и февруари, за 23,7% повеќе од истиот период лани. Растот се должи на премиум СУВ-моделите, кои таму учествуваат со 80% во продажбата.

Европскиот пазар на Volvo порасна за 5,5 проценти во првите два месеци, на 48.784 автомобили. Голем придонес за тоа имаше растот во продажбата на шведскиот пазар.

Најпродаван модел во февруари бил XC40 со 15.818 примероци (2020: 10,266), пред СУВ-моделот од средната класа XC60 со вкупно 14.463 примероци (9.774 примероци) и луксузниот Volvo XC90 со 6.808 примероци (4.852 примероци).

>>> Volvo C40 Recharge е шведскaта „Tesla“, ќе се продава само онлајн

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Clio V најпродаван модел Франција

Renault Clio е најштедлив за службено возило

Volkswagen планира кабриолет изведба од ID.3