за

Volvo, Uber и Ikea бараат крај за моторите во 2035 година

Производителот на автoмобили Volvo, компанијата за превоз Uber, производителот на мебел Ikea и уште 24 компании бараат ЕУ по 2035 година повеќе да не дозволува регистрирање нови автомобили со обичен мотор.

Под хаубата работи мотор од Lada 2107, заради надминување на проблемите со набавката на резервни делови

Близу 30 компании од различни гранки во отворено писмо до Европската Унија бараат најдоцна во 2035 година да се стави забрана за регистрирање нови автомобили што користат обичен мотор.

Меѓу потписниците на писмото се Volvo Cars, кој во почетокот на март најави дека по 2030 година ќе произведува само електрични автомобили. Покрај Volvo, на повикот се придружуваат уште IKEA Retail, Sky, Uber и Vattenfall. Тие наведуваат дека со одредувањето краен датум ќе им се даде јасен сигнал за инвестирање на производителите на автомобили, на синџирите за достава и на компаниите за инфраструктура.

Комисијата на ЕУ во јуни во рамките на законскиот пакет „Fit for 55“ ќе утврди нови цели, за Унијата до 2030 година да постигне намалување на штетната емисијата за најмалку 55 проценти и да стане климатски неутрална до 2050 година.

Одредувањето на 2035 година како краен рок се совпаѓа со процените на претседателството на COP26 и на Обединетите Нации, според кои што е потребно да се запре продажбата на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување до 2035 година на најголемите пазари – вклучувајќи ја ЕУ – за светската емисија до 2050 година да се сведе на нула.

Шефицата на Uber за Европа, Анабел Диаз, цени дека со „завршувањето на продажбата на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување во Европа до 2035 година значително ќе се зголеми пазарната понуда од нови евтини и користени електрични возила“. На тој начин ќе се урне една од најголемите пречки, за возачите кои минуваат многу километри да се решат за електричен автомобил.

Uber до 2025 година ќе електрифицира половина од својот возен парк во седум градови во Европа, за понатаму до 2030 година, компанијата да нуди превоз исклучиво со електрични автомобили.

>>> Повеќе држави на ЕУ бараат краен рок за обичните мотори

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche објави водич за хип-хоп културата во Европа

Ова се трендовите кај велосипедите во новата сезона