за

Volvo користи 5G-мрежа за идните автопилотирани возила

На автопилотираните возила им е неопходна 5G-мрежа за картите за навигација да се обновуваат брзо и во целосен обем. Volvo моментно тестира како се однесува врската кога се преоѓа меѓу 5G-мрежи на две соседни земји.

За идните возила што ќе управуваат самостојно да се движат безбедно, неопходна е напредна сензорска техника во возилото, но исто се потребни и карти со висока резолуција, за да се овозможи навигација во реално време.

Тестирањата во реални услови на возење по делницата AstraZero во Шведска се дел од проектот 5GCroCo што го финансира ЕУ. Станува збор за иницијатива за вршење напредни тестирања со вмрежени возила, долж 5G-коридорот меѓу националните мрежи на Франција, Германија и Луксембург.

Тестирањето меѓу другото има за цел да провери дали се врши целосно пренесување на податоците при преоѓање меѓу 5G-мрежи на две држави. Со последнава серија се потврди дека техниката функционира беспрекорно и со тоа се овозможува автопилотираните возила да продолжат да се движат непречено и безбедно кога ќе се влезе во друга држава и во друга национална 5G-мрежа.

Volvo и Ericsson користат 5G-конективност за да се обезбеди дека картите се освежени со најновите информации во моментот. Така се гарантира сензорската техника во возилото да располага со информации за состојбата на претстојната делница, уште пред возилото да се најде на истата.

Во рамките на тестирањето, Ericsson стави на располагање мобилна мрежа 5G, преку којашто две возила на Volvo добиваа карти во висока резолуција за патот пред нив. Во картите меѓу другото се содржани и границите на лентата во којашто во моментот се движи возилото, но и на околните ленти, во случај кога треба да се избегнат пречки на патот. Уште поважно, двете возила меѓусебно се регистрираат на картата, односно „знаат“ каде во моментот се наоѓа другото возило и како се движи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW почна со производство на батериите за електричните iX и i4

Ако кабриолетот е Lexus, тогаш ќе издржи и арктички студ