за

Ако кабриолетот е Lexus, тогаш ќе издржи и арктички студ

Lexus LC беше оставен дванаесет часови во комора за замрзнување на 18 степени Целзиусови под нулата. Со спуштен покрив. Набрзо потоа, кабриолетот беше пуштен на тркачка патека.

При развојот на кабриолет, секако дека во „нормална“ марка би се посветило само малку внимание, дали возилото ќе функционира беспрекорно во секој поглед, при температури што се далеку под разумот да се вози кабриолет. Во Lexus, луксузниот кабриолет LC е подготвен за секакво сценарио.

Кога се вози кабриолет изведбата на Lexus LC, тоа обично се прави под сино небо и на жешко сонце. Но, бидејќи станува збор за Lexus, кабриолетот е конструиран да издржи секакви температурни екстреми.

Јапонците го оставија Lexus LC Cabrio половина деноноќие на температура од 18 степени под нулата. Дури и четирислојниот платнен покрив беше спуштен, толку се самоуверени неговите создатели. Но, завршницата на тестот всушност изгледаше наполно поинаку. По комората за замрзнување, Lexus се најде на тркачка патека, да докаже дека студот навистина не може да му наштети.

Замрзнувањето на Lexus беше извршено во тест-центарот во Милбрук, Велика Британија. Во тамошната климатска комора со зафатнина од 468 метри кубни, може да се симулираат температури меѓу 85 и -50 степени Целзиусови, но исто може да се постигне и релативна влажност до 98 проценти.

Lexus LC 500h

>>> Lexus LC 500h: Пристојна манифестација на безобразно

Во стилот на тв-рекламите: Но, тоа не е сé! Каросеријата на Lexus беше испрскана со вода, за да се создаде замрзнат слој. По замрзнувањето, возилото се одмрзнуваше цел час под индустриски „тајфун“ и ноќта беше оставено да мирува.

Во следното утро, каскадерот Пол Свифт го стартуваше моторот V8 со 464 КС – нормално, без проблем. Свифт веднаш се пушти во брза тура по патеката во Милбрук, при што од каросеријата буквално одлетуваа парчиња мраз. Прекинувачите, рачката на менувачот, греењето на воланот и на седиштата, плус фенот од потпирачот за глава, сето тоа исто така функционираше беспрекорно.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo користи 5G-мрежа за идните автопилотирани возила

Kia почнува со резервации за EV6 во земјата на Tesla