Волво го пушти електричниот Е Икс 30 Крос Кантри да вози на терен

Волво се многу уверливи за своите теренски возила: „Шведска има сурови зими, но ние пак сакаме целосно да ги доживееме, излегувајќи и истражувајќи ја нашата прекрасна природа, дури и на минус 20 степени“, вели шефот Џим Роуен.

Електричниот Волво Е Икс 30 Крос Кантри им е дораснат на трагачите на возбуда со заштитните плочи за подвозјето и со гуми за секаква подлога. Цената ќе биде откриена подоцна, меѓутоа е извесно дека таа ќе биде конкурентна, раководејќи се според основниот Е Икс 30.

Како основа служи стандардниот Е Икс 30 (тест), првиот модел на Волво од градската класа, што шведскиот производител го рекламира како „мал, но силен“. Со моќност од 428 КС, тоа е најробриот спринтер на Волво во моментов. Од завршетокот на минатата година, Е Икс 30 се продава и во САД и Канада.

Е Икс 30 Крос Кантри е осмислен како префинето електрично возило што е стокмено во стил на моќен теренски автомобил.

Моделот ќе наиде на симпатии кај трагачи по возбуда и кај купувачи што бараат достапен електричен автомобил од премиум марка. Цената веројатно ќе се движи малку над 40.000 евра.

Пазарот на електрични автомобили веќе извесно време забавува во Европа и САД, меѓутоа производителот има големи очекувања од својот најмал Крос Кантри, затоа што тој погодува во „најдобриот дел од пазарот на електрични автомобили“, а тоа значи делот од пазарот што бара релативно достапен автомобил.

Волво Е Икс 30 Крос Кантри е создаден за авантура

Волво во соопштението опишува дека Е Икс 30 Крос Кантри е „создаден за луѓе што сакаат големи искуства со нивниот малечок, целосно електричен СУВ.“

Крос Кантри има зголемено растојание од подлогата и црни заштитни облоги напред и на вратата на багажникот.

Теренскиот дух го прикажуваат црниот браник во којшто е испечатена топографија на планината Кебнекаисе во Шведска, за којашто Волво наведува дека го инспирирала тимот од дизајнери.

Фабричкото видео од Волво Е Икс 30 Крос Кантри

Впечатливите заштитни плочи назад и напред, како и проширувањата на арките на крилата укажуваат дека кросоверот е способен да вози и надвор од асфалтот.

Во пакетот Крос Кантри Експериенс се вклучени ставки, како носач за багаж и корпа за него, тркала од 18 ини со гуми за секаква подлога и калници.

„Луѓето сé повеќе бараат начини да дојдат поблиску до природата,“ порача извршниот директор Џим Роуен во соопштението од Волво. „Со нашиот нов Крос Кантри Експериенс, имаме за цел да создадеме целосен екосисем околу овие модели, за да ги подржиме нашите клиенти да уживаат во авантурите.“

Спринт до темпо сто за помалку од 4 секунди

Перформансите се исти како кај стандардниот Е Икс 30. Тоа значи досег до 427 километри и полнење за 26 минути до 80 проценти. Засега Крос Кантри е достапен само во врвната изведба, со погон на сите тркала, односно со два електромотори со вкупно 428 КС.

Е Икс 30 беше 4-ти најпродаван модел на Волво во светот, со 5.486 примероци, по СУВ-триото Икс Ц 40 / 60 / 90. На електричниот градски модел отпаѓаат повеќе од 10 проценти од продажбата. Во цела 2024 година, Е Икс 30 постигна 98.065 продажби, веднаш по третиот најпродаван модел, Икс Ц 90.

Видеото од тестот на Волво Е Икс 30 во врвната изведба

Претходна објаваПорше годинава вложува 800 милиони евра, има и за нови бензинци
Следна објаваТојота брои 6 милиони хибридни и електрични автомобили во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here