Волво ќе го зголеми производството во САД, по царините од 125% за Кина

Волво С90 навидум е жртва на трговската војна меѓу САД и Кина, меѓутоа побарувачката за лимизините во земјата веќе е во пад. Волво има други планови.

Лимузината Волво С90, којашто се увезува од Кина, повеќе нема да биде достапна на пазарот во САД, во време кога екалира трговската војна меѓу двете земји.

Производителот ќе одговори на царините на администрацијата на Трамп за увезени возила и со скусување на попустите за возилата што веќе се пристигнати кај дилерите на Волво во САД. Компанијата воедно ги истражува можностите да ја зголеми продукцијата во својата фабрика во Јужна Каролина.

Од интерни извори се дознава дека компанијата од следната година ќе ги откаже нарачките за С90. Волво во минатата година продаде 1.364 примероци од овој модел на пазарот во САД.

„Тоа е модел со мал волумен во САД“, кажува изворот. „Место да се справуваат со царините, тие едноставно ќе го исклучат моделот.“

Изворот понатаму наведува дека Волво во земјата ќе им се посвети на своите најпродавани моделски серии, на СУВ-моделите од сериите Икс Ц 90, 60 и 40.

Претседателот Доналд Трамп на 9-ти април одреди царина од 125 проценти за кинески производи, вклучувајќи возила. Тоа е петпати повисока стапка од царините што на 3-ти април беа воведени за автомобили од сите останати држави. Владини претставници кажаа дека царините за возила ќе продолжат да важат иако Трамп ги откажа реципрочните царини за повеќето други земји.

Со укинувањето на С90 на пазарот во САД, Волво се повлекува од пазарот на лимузини што е во опаѓање. Лани престана и продажбата на С60 во САД, кошто се произведуваше во близина на Чарлстон, Јужна Каролина.

Видеото од тестот на Волво Е Икс 30

Се планира зголемување на продукцијата во САД

САД се важен пазар на Волво, во време кога продажбата во Европа и Кина бележи пад во првото тромесечје.

Продажбата на Волво во САД во првите три месеци достигна 33.285 возила. Наспроти тоа, продажбата во светски размери имаше пад од 5,7 проценти.

Агресивната трговска политика на администрацијата на Трамп сепак претставува потенцијален ризик за бизнисот во САД, затоа што речиси сета продажба – 96,8 проценти – на Волво во првите три месеци, се возила увезени од Европа или Кина.

Освен С90, Волво го увезува од Кина и новиот кросовер со електричен погон Е Икс 30. Во текот на годинава, овој глобално успешен модел ќе се произведува дополнително во Гент, Белгија.

Во дописот до дилерската мрежа, претседателот на Волво Кар за САД и Канада, Мајкл Котоне, напиша дека „предизвикувачката глобална економска и геополитичка клима … влијае врз нашиот бизнис.“

Котоне наведува дека Волво „ја зголемува продукцијата“ на електричниот СУВ-модел Е Икс 90 во фабриката во Риџвил, Јужна Каролина, чијшто капацитети не се искористени до крај, со цел „да се зголеми продажбата и да се смалат трошоците.“

„Исто така размислуваме околу можноста да се додаде уште еден модел во нашата фабрика во САД, којашто располага со капацитет за 150.000 возила годишно,“ вели директорот.

Котоне не соопшти кој е моделот, но големи се изгледите тоа да биде луксузниот СУВ-модел Икс Ц 90, којшто лани беше најпродаван модел на Волво во САД.

Фабриката во Јужна Каролина може да произведува модели што се базираат врз платформите СПА1 и СПА2 на Волво.

Како одговор на царините на Трапм, Волво ќе ги скуси попустите за веќе увезените возила, за на тој начин да се заштедат пари и да се обезбеди поддешка за идниот увоз, којшто ќе подлежи на царини.

Претходна објаваМате Римац сака да го купи уделот на Порше во Бугати
Следна објаваГерманија ќе ја поттикне продажбата на ЕВ, фабрики ќе произведуваат воена опрема

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here