
Концернот Фолксваген и кинескиот производител на електрични автомобили Експенг објавија дека првиот автомобил што планираат да го развиваат заеднички ќе биде СУВ, за којшто ќе ги дружат своите добавувачи.
Под „рамковниот договор“ за соработка во платформи и во софтвер, двата производители на автомобили најавија дека ќе отпочнат со програма за здружување на набавката на деловите за возилото, од добавувачите со коишто соработуаат двата партнери. Целта е на тој начин да се скусат трошоците.
Ова соопштение означува уште еден чекор напред во соработката што беше отпочната во јули, кога Фолксваген најави дека ќе купи 4,99 проценти од акциите на Експент за околу 700 милиони долари. Планот е да се лансираат два заеднички развиени електрични модели до 2026 година. Акциите беа купени во декември.
Фолксваген е во обид да го врати пазарниот удел во Кина, што го загуби од локалните соперници. Концернот сака да постигне скалест ефект од заедничката набавка на компоненти, како и од споделувањето иновации во конструирањето и во инженерингот. На тој начин, времетраењето на развојот ќе се скуси за повеќе од 30 проценти.
„На најголемиот и најбрзо растечки пазар за ЕВ во светот, брзината е клучна“, изјави во четвртокот Ралф Брандштетер, член на управниот одбор на концернот Фолксваген и шеф за Кина.
Автомобилите што ќе произлезат од соработката ќе го носат знакот на Фолксваген, меѓутоа ќе користат заеднички развиена платформа, што се базира врз технологијата Едвард на кинескиот стартап, што е стара една деценија.
Фолксваген кон завршетокот на 2022 година ја загуби титулата на најпродавана автомобилска марка во Кина, од локалниот производител БИД. Германскиот концерн со долга традиција и со понуда заснована главно на автомобили со обичен погон, не успеа да ја следи силната конкурентска битка.
🚗#XPENGG9, top spot in the NAF Winter charging test, going from 10-80% in just 19 minutes.
❄️Roam a winter wonderland in the G9, and relish its fast charging and extended driving range.#FutureMobility pic.twitter.com/TaZW4UD8vP— XPENG (@XPengMotors) February 23, 2024
Фолксваген лани најави дека ќе развие друга платформа за Кина, којашто ќе произлезе од модуларната платформа за електрични возила МЕБ и за којашто ќе се користат локални компоненти, за да се смалат трошоците.
Концернот воедно вложува една милијарда евра во нов центар за развој во Хефеи.
Продажбата на ЕВ во Кина, вклучувајќи и приклучни хибриди, во јануари опадна за 39 процент во споредба со претходниот месец, што беше прв поголем пад по август, откако бранот на големи попусти, што го отпочна Тесла, не успеа да ја поттикне побарувачката.
Додека повеќето производители на ЕВ се во трка да ги скусат трошоците, Експенг месецов објави дека во текот на годинава ќе вработи 4.000 лица и ќе вложи милиони долари во вештачка интелигенција, додека компанијата бара начини да опстане во тоа што го цени како „крваво море“ на конкуренцијата.















