за

Volkswagen Touareg се паркира преку смартфон

Автоматското паркирање има нова функција во големиот СУВ на Volkswagen. Преку телефонот може далечински да се контролира паркирањето на Touareg.

Volkswagen Touareg отсега се паркира целосно автоматски и излегува на истиот начин – новината е во можноста постапката да се контролира преку смартфонот.

Вообичаена ситуација во секојдневието. Веднаш по влезот во катната гаража има останато празно место, но е тесно за возилото да се паркира во еден потег. Возачот треба да се „избори“ за простор, да може да излезе од возилото. Решението за такви ситуации е системот што на модерен германско-англиски јазик се води како „Park Assist Plus mit Fernbedienung“ и достапен е за Touareg, престижниот СУВ-модел на Volkswagen. Возилото се паркира далечински, со помош на смартфонот.

Основа на системот е познатиот Park Assist, кој работата ја завршува полуавтоматски, односно возачот треба сам да додава гас и да сопира. Новиот систем оди чекор понапред и работи целосно автоматски, што значи дека возилото со новиот „Park Assist Plus mit Fernbedienung“ самото додава гас и запира.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Возачката или возачот имаат две опции. Во првата се остава возилото да паркира само, додека комотно се седи зад воланот, додека во втората се излегува од возилото и оддалеку ја контролира постапката преку смартфонот.

Постапката се одвива беспрекорно благодарение на 12 ултразвучни сензори и четири камери од системот за преглед во 360 степени „Area View“. За далечинско паркирање е потребна апликацијата „VW Remote Park Assist Plus“. Постапката: Возачот додека уште е во возилото го притиска полето P на средишниот дисплеј и го избира местото за паркирање. Потоа се појавува порака „молиме притиснете ја сопирачката и задржете го копчето или изберете далечинско паркирање“. Откако ќе ја избере втората опција, возачот го зема клучот и излегува, по што го активира паркирањето преку апликацијата. Преостанува единствено да се задржи притиснато полето на дисплејот, заради безбедност, додека возилото се паркира самото.

>>> Škoda знае каде е најблискиот слободен паркинг

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford E-Transit

Ford Transit почна да вози на струја

Новиот салон на Mercedes во Минхен е „Студио“

Новиот салон на Mercedes во Минхен е „Студио“