Гостите во студиото ја доживуваат марката Mercedes-Benz во средина во којашто се поставени избрани архитектонски форми и материјали. Во дух со денешницата е поврзувањето со дигиталниот свет. Преку апликација, студиото се претвора вом простор низ којшто посетителите можат да се движат и своите искуства да ги споделуваат на друштвените мрежи.
Идејата е марката да се приближи до секојдневниот живот и луѓето да го доживеат емотивниот свет на марката Mercedes-Benz. Студиото претставува надополнување на класичниот салон на марката во срцето на Минхен, на Плоштадот Одеон. Mercedes е присутен на оваа локација уште од 1950 година.
Салонот е наменет за љубителите на марката и општо на автомобилизмот, но и за жителите и туристите, кои сакаат да видат нешто несекојдневно и да запознаат интересни личности. Привремено ќе се прават партнерства со уметници, преку коишто просторот и марката ќе можат да се доживеат емотивно. Посебна апликација го спојува просторот со дигиталните содржини и го претвора студиото во еден вид просторија на социјални медиуми.
https://photos.app.goo.gl/pPmCnCyW2qHkadDeA
За почеток е организирана кампањата под наслов „Silver Garage“, којашто се состои од две интерактивн иинсталации. Поставени се автомобилски ретровизори, со кои посетителите стапуваат во интеракција. Моментите што се создаваат притоа се одлична содржина за споделвуање на инстаграм. Втората инсталација е Selfie-Car, при којашто посетителите можат да експериментираат со неколку перспективи, седејќи во автомобил Mercedes-Benz. Преку огледалата на таванот, тие можат да го овековечат моментот.
Во периодот пред католичкиот Божик, просторот ќе биде резервиран за светски позната уметничка со цвеќиња, што просторот ќе го претвори во еден вид цветна оаза.
Студиото се отвора утре и по тој повод минхенскиот ресторан Мурал, одликуван со ѕвезда на Michelin, организира гастро-услуга, со храна за понесување, поради мерките за заштита од корона.
















