Електричниот Volkswagen Tiguan ќе има различен дизајн од ID-моделите

Volkswagen ќе ја дизајнира идната целосно електрична изведба на Tiguan различно од изгледот што го одликува семејството електрични модели ID.

Електричниот Tiguan нема да биде само автомобил со погон на струја што ќе користи иста каросерија со верзиите на Tiguan со обичен мотор. Неговиот дизајн ќе се разликува и од вообичаениот изглед на моделското семејство електрични автомобили ID.

Со изгледот, компактниот СУВ повеќе ќе се раководи според моделите на Volkswagen со класични мотори со внатрешно согорување. Целта е на тој начин да се привлечат купувачи, на коишто не им се допаѓа посебно дизајнот на ID-моделите.

Електричниот Tiguan, којшто е веројатно дека ќе се води како ID Tiguan, како техничка основа ќе ја користи платформата од третата генерација на Tiguan со класични бензински и дизел мотори, којашто Волфсбург се очекува да ја претстави во текот на годинава.

Идниот Volkswagen Tiguan ќе добие целосно електрична изведба во 2026 година

Андреас Минт, новиот главен дизајнер, кој од 1-ви февруари работи за марката Volkswagen, по претходниот ангажман во луксузната марка Bentley, задолжен e за изгледот на електричниот модел.

Електричниот Tiguan ќе биде прв модел на Volkswagen што ќе ја користи унапредената изведба MEB+ на платформата на концернот VW за електрични возила. Со последните усовршувања се постигна побрзо полнење и подолг досег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Производството на Tiguan со батериски електричен погон ќе стартува во 2026 година, во матичната фабрика на марката во Волфсбург. Тоа го изјави Даниела Кавало, директорка на работничкиот совет, на средбата со вработените што се одржа во четвртокот.

На средбата учествуваа повеќе од 10.000 вработени. Германскиот канцелар Олаф Шолц исто така присуствуваше на средбата, што е првпат по 15 години функционер од врвен ранг да биде поканет на овој важен настан.

Кавало посочи дека производството на електричниот Tiguan ќе го пополни капацитетот во Волфсбург, откако се одложи проектот Trinity, за електричниот модел што ќе биде круна на понудата на Volkswagen. Новиот шеф на концернот Оливер Ципсе, го одложи за крајот на деценијата тој скап проект од времето на свсојот претходник, Херберт Дис. Како причина за одложувањето се наведува доцнењето со развојот на новата платформа SSP, што ќе користи најнапредна технологија и чијашто основа претставува оперативниот систем што ќе го користи целото возило.

Volkswagen во текот годинава ќе почне со дополнително производство на електричната комбилимузина ID.3 во Волфсбург. Матична фабрика за тој модел останува Цвикау.

Претходна објаваОдличната продажба на S-Class му донесе голема заработка на Mercedes-Benz
Следна објаваVolkswagen ID.4: Од Скопје до Гевгелија и назад со струја колку за едно печено

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here