за

Секој втор Volkswagen Tiguan е во продолжената изведба Allspace

По моделското освежување на стандарниот Tiguan есеноска, Volkswagen го применува третманот и на изведбата со продолжена каросерија Tiguan Allspace. Таа е бестселер.

Изобилство од нова технологија во Volkswagen Tiguan Allspace, вклучувајќи и полу-автопилот, што сам забрзува и сопира, а ги следи и свијоците на автопат. Изведбата со продолжена каросерија, од воведувањето во 2017 година, досега е продадена во 1,5 милион примероци.

Новото моделско годиште на Volkswagen Tiguan Allspace носи освежен изглед, нови системи за ракување и асистенција, матрични диодни светла и сензорски полиња за ракување со автоматската клима, што е дел од стандардната опрема. Моментно повеќе од половина (55%) од продукцијата на Tiguan отпаѓа на продолжената изведба Tiguan Allspace.

СУВ-моделот може да се нарача со седум седишта. Во случај кога треба да се превезуваат многу предмети, во тој случај стојат на располагање 1.920 литри простор. Со пет патници во возилото, назад пак останува багажник со зафатнина од 760 литри. Седиштата во вториот и третиот ред се впуштаат во иста линија и создаваат рамна површина за товарење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од моторите стојат на располагање три бензинци TSI и два дизели TDI. Во одредени погонски конфигурации или со доплата може да се добие 7-степен DSG. Погон на сите тркала исто е опција во одредени моделски изведби. Должината порасна на 4.723 mm (+22 mm), што се должи главно на новиот дизајн на носот, со впечатлива маска и со елегантна линија на светлата што оддаваат премиум впечаток.

Стандардната изведба на Volkswagen Tiguan со 5 седишта, со 1,5-литарски мотор со 150 КС и менувач DSG, во освеженото моделско годиште чини 39.494 евра во Порше.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Volkswagen Tiguan во освежено издание во Порше

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki одбележува 25 милиони мини-автомобили продадени во Јапонија

tesla prodazba istocna evropa

Tesla повеќе не може да се купи со биткоин