за

Освежено издание на Volkswagen T-Roc доаѓа напролет

Кросоверот на Volkswagen што пристојно се одомаќи и на нашиот пазар доби нов кокпит, освежен изглед, полу-автопилот.

VOLKSWAGEN T-ROC FL

Со свеж дизајн, нови системи за асистенција и дигитални услуги продолжува успешното поглавје на Volkswagen T-Roc, кросовер во семејството на Golf, што за четири години се продаде во повеќе од еден милион примероци.

Промените во изгледот само го нагласуваат тоа по што T-Roc и досега се издвојуваше во уличната слика. Зафатите важат и за кабриолет изведбата, како и за спортската варијанта T-Roc R. Volkswagen ја услиша забелешката за едноставниот изглед на горниот панел на арматурната табла и таму сега се користи поквалитетен материјал, исто како и во останатите подрачја во кабината.

Освежувањето донесе и нов средишен диспчеј, но и дигитални инструменти, што сега се стандард кај кросоверот. Од повисоките класи (и од електричните ID-модели) пристигаат IQ.Light со матрични диодни светла, полу-автопилот IQ.Drive со Travel Assist и со предвидувачки темпомат pACC. 

New item by Automedia MK / Google Photos

Без да има претходник во понудата на Volkswagen, кросоверот се докажа на пазарот со повеќе од еден милион продадени примероци во изминатите четири години од стартот. Понудата на крајот на 2019 година ја збогати спортскиот T-Roc R, а од минатата пролет вози и T-Roc Cabriolet.

New item by Automedia MK / Google Photos

Средишниот дисплеј е изведен како таблет и има пречик од 8,0 инчи во основната и 9,2 инчи во изведбите со повисоко ниво на опрема. Опција се дигитални инструменти со поголем пречник, од 10,25 инчи, како „Digital Cockpit Pro“. Воланот исто има нов дизајн.

Вратите се поставени со квалитетен штоф. Во нивоата „Style“ и „R-Line“ се користи вештачка кожа за потпирачот за рака, што ефектно е штепувана. Седиштата во R-Line имаат средишна лента од велур. Спортските седишта од T-Roc R сега може да се нарачаат во нивото R-Line. Исто се достапни и седишта обложени со мека телешка напа-кожа.

New item by Automedia MK / Google Photos

Диодни предни светла и затемнети задни светла се стандард. При доплата за IQ.Light со матрични диоди светла може да се нарача и светлечка лента по должината на маската, заедно со задни светла со различна графика и динамични трепкачи. Има пет нови карсоериски бои и нови дизајни на тркалата, со пречник од 17 до 19 инчи.

Понудата од мотори почнува од трицилиндарски TSI со 110 КС, завршува со спортски дволитарец со 300 КС во Volkswagen T-Roc R

Понудата од погонски единици ја сочинуваат три TSI и два TDI мотори. Опција кај повеќето мотори е 7-степен DSG. Моторот 1.0 TSI располага со 110 КС, по него следат 1,5-литарец со 150 КС и дволитарец со 190 КС. Дизелот 2.0 TDI е достапен со 115 КС или со 150 КС. Опција кај посилниот дизел е погон 4MOTION, кој е стандард кај најсилниот бензинец.

Испораката на освеженото моделско годиште на Volkswagen T-Roc на германскиот пазар ќе започне напролет. Ценовникот таму стартува од 23.495 евра за 1.0 TSI, односно од 31.850 евра за T-Roc Cabriolet.

>>> Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

CarCert против лажните километражи на користените автомобили во Германија

Mitsubishi има нов електричен СУВ за Кина, досегот 520 km