за

CarCert против лажните километражи на користените автомобили во Германија

Секое трето користено возило во Германија има вратена километража. Штетата што од тоа ја трпат купувачите изнесува повеќе милијарди евра. Kомпанијата CarCert цени дека нивната автомобилска биографија е решението.

Уште една стартап-компанија сака да се пробие на автомобилската сцена, понудувајќи решение против враќањето на километражата. CarCert изработува автомобилска биографија, автомобилско „си-ви“, што ги содржи најважните информации за возилото.

Сертификатот од CarCert, покрај историски преглед на километражата на возилото, содржи и податок за референтната километража на истите или слични модели, потоа резултати од техничките прегледи, податоци за првата регистрација, за сервисирањето на возилото во рамките на фабричките сервисни повици, за основната и за дополнителната опрема, како и вредност на возилото на ново и моментална вредност, проверка дали возилото е увезувано, и уште голем број податоци.

Од компанијата ценат дека имаат развиено производ што ги исполнува високите барања за заштита на податоците во Германија и со тоа нуди заштита од измама при купување користено возило.

CarCert своите клиенти ги гледа меѓу продавачите на користено возило, што сакаат купувачите да ги уверат дека станува збор за сериозна зделка. Сертификатот со којшто се докажува веродостојноста на километражата чини 30 евра.

Според германската полиција, секое трето користено возило што се продава во земјата има вратено километража. Штетата по возило се цени на околу 3.000 евра, што кога ќе се земат предвид сите продажби на користено возило во земјата, претставува штета во вкупна висина од шест милијарди евра, на годишно ниво.

Линк до вебсајтот:

https://www.carcert.net/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Катни гаражи им служат како микро-депоа на доставувачите со велосипед

Освежено издание на Volkswagen T-Roc доаѓа напролет