
Пауер Ко Канада во првиот поголем бран вработувања што започна на 6-ти август бара широк опсег на кадри, вклучувајќи хемичари, инженери, аналитичари на податоци, експерти за животна средина и ИТ-професионалци.
Кампањата за вработување се активира во време додека компанијата се подготвува да започне со изградба на фабриката во Сент Томас, на половина растојание меѓу Торонто и Виндзор.
Норман Викболд, директор за персонал во Пауер Ко Канада, изјави за Аутомотив Њуз Канада, дека „остануваат неколку седмици до поставувањето на камен телелникот. Поради тоа, потребни ни се вистинските луѓе што ќе го поддржат овој проект и остануваме целосно обврзани за нашето производство да започне во 2027 година.“
Како и зошто Фолксваген ја избра Канада за својата фабрика за батерии за електрични автомобили што е вредна 7 милијарди долари
Викболд посочи дека голем дел од првите вработувања се за специјалистички места за коишто е потребно одредено искуство, меѓутоа наесен ќе се почне и со вработувања во производството. Тој ја опишува средината на работа во производство на батериски ќелии како спој на вообичаено сериско производство во автомобилска фабрика и хемиска лабораторија. Поради тоа, потребно е искуство во двата сектори.
Бидејќи во Канада се исклучително ретки луѓе со искуство во производството на батериски ќелии, Пауер Ко планира на работниците да им одржи брза обука пред да ги пушти во производство.
„Нашата стратетија е навистина да обучиме пред да се започне со работа, но и во текот на работењето“, вели Викболд.
Пауер Ко Канада веќе има преку 200 вработени во своето седиште во Сент Томас. Викболд најави дека тој број треба да се удвои до завршетокот на 2025 година.
Во фабриката се потребни меѓу 500 и 1.000 работници за производството на ќелии да започне во 2027 година. Кога ќе почне да се произведува со полн капацитет, фабриката ќе создаде до 3.000 директни вработувања.
Кампањата за вработување и забрзаното отпочнување со изградба следат по неколку месеци во неизвесност околу тоа што треба да прерасне во најголема инвестиција во автомобилската бранша во Канада.
Пауер Ко во март 2023 година реши во Сент Томас да ја гради својата единствена фабрика за батерии во Северна Америка. Првичниот план беше изградбата на земјиштето со површина од 140 хектари да започне во минатата есен. Но, бидејќи градежнците дури неодамна завршија со паркиралиштето со 1.100 места за идните вработени и во изминатата година работеа на унапредување на патиштата, железницата, водоснабдувањето и напојувањето со струја, што е неопходно за фабриката, изградбата на фабриката штотуку треба да започне.

Царините во САД и забавената продажба на електрични автомобили ги натераа останатите производители, меѓу кои и Хонда, да ги стават во мирување своите проекти за набавка на суровини и компоненти за ЕВ од Канада. Поради тоа, постои двоумење дали плановите на Пауер Ко се добар чекор.
Клучните директори во концернот Фоплксваген во март кажаа дека царините на САД за увоз од Канада претставуваат опасност за фабриката во Сент Томас, којашто батериските ќелии ќе ги испорачува до фабриките на Фолскваген во САД. И покрај вжештената трговска војна, компанијата не отстапи од канадскиот проект, наведувајќи дека тоа се силни темели за долгорочна инвестиција.
Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа
Компонентите за автомобили што се произведуваат во Канада и ги исполнуваат барањата на спогодбата меѓу САД, Мексико и Канада, во моментов се ослободени од царините во САД.
„Тоа е долгорочна инвестиција,“ проект што треба да се гледа во временска рамка долга со децении, место од перспектива на две до три години, вели Викболд.
Царините можеби не влијаеја врз плановите на Пауер Ко со фабриката во Сент Томас, но бавното прифаќање на електричните автомобили во Северна Америка, направи притисок за компанијата да ги смени своите првични планови со фабриката.
Датумот за првиот од шесте производствени блокови во фабриката да започне со производство беше 2027 година, додека останатите пет блокови требаше да следат до средината на 2028 година. Компанијата не ги смени плановите за производството во Сент Томас да започне во 2027 година, но останатите блокови ќе бидат довршени како што ќе расте побарувачката за електрични автомобили.















