Фолксваген го зголемува производството на ИД.7, електричниот „пасат“ се погоди

Производството на Фолксваген ИД.7 и ИД.4 во Емден. Лимузината од средна класа се произведува веќе една година, сега следи комби изведбата Турер.

Расте побарувачката за електричниот ИД.7, моделот што сосем јасно се поставува како електричен наследник на Пасат. Фолксваген го зголемува производството во Емден.

Фолксваген очигледно се соочува со висока побарувачка за новиот електричен модел ИД.7. Во фабриката во Емден в година треба да се произведат 190.000 примероци од електричниот модел од средната класа. Во почетокот, планот беше помалку од 50.000 возила годишно.

Информацијата ја објави Нордвест-Цајтунг, повикувајќи се на извори во компанијата. Тоа значи дека фабриката во Емден ќе работи во две смени. Освен ИД.7, Фолксваген во фабриката го произведува и компактниот СУВ-модел ИД.4, уште еден електричен автомобил.

ИД.7 почна да се продава дури годинава. Моделот од средната класа добива одлични оцени од стручните новинари. Според германската статистика, од јануари до јули се регистрирани 3.187 нови примероци од електричната лимузина во земјата. Од оваа бројка сé уште не може да се насети успехот на моделот.

Сепак треба да се има предвид дека станува збор за модел што уште е нов на производствените линии. Потребно е извесно време додека се постигне совршена хармонија во работните процеси, за потоа да следи постепено зголемување на продукцијата.

Неодамна стартуваше и комби-изведбата ИД.7 Турер, којашто ќе привлече дополнителен интерес. Во моментов е мошне ограничена понудата од комби-модели со електричен погон во големоволуменскиот сегмент.

Фолксваген ИД.7 Турер: Европскиот пазар обично покажува поголем интерес за комби, отколку за лимузинските модели

Побарувачката за Турер е повисока отколку за лимузината. Истото беше случај и во минатото, со претходната генерација на Пасат, којшто порано се произведуваше во Емден. Во сегашната генерација, Пасат се произведува само како комби Вариант.

Пазарот досега покажа умерен интерес за електричните автомобили на Фолксваген. Моделите како ИД.3 и ИД.4 не успеаја да ги достигнат продажните бројки на Тесла Модел 3 или Тесла Модел Ипсилон. Тоа е проблем во Европа, затоа што од следната година производителите треба да плаќаат високи казни кон Комисијата на ЕУ, доколку ги надминат построгите лимити за емисија на ЦО2.

Продажбата на електрични возила на концернот Фолксваген во првото полугодие од 2024

 
Група од носечки марки 230.900 2
Volkswagen Pkw 168.500 2
Škoda 29.400 −6
SEAT/CUPRA 18.300 −3
Volkswagen
доставни возила
14.700 19
Група од прогресивни
марки
76.700 1
Audi 76.700 1
Bentley
Lamborghini
Група од луксузни
марки
9.000 −50
Porsche 9.000 −50
Група Камиони 600 −7
MAN 240 −41
Volkswagen Truck & Bus 80 133
Scania 110 −25
Navistar 170 149
Volkswagen (Вкупно) 317.200 −1

Можно е зголемената продукција да биде поврзана со тоа. За да ги избегне казните, Фолксваген во 2025 година мора да продаде значително повеќе електрични автомобили отколку досега.

Видеото од тестот на Фолксваген ИД.4

Претходна објаваОпел назначи нови шефови за развојот на модели и за продажбата
Следна објаваДонгфенг има уште дузина нови модели за македонскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here