Volkswagen во 2025 година ќе започне со комерцијална примена на електрични комбиња што се движат без возач. Прв корисник на автономниот ID.Buzz, кој стартува со продажба в година, ќе биде Moia, сопствената компанија за превоз на Volkswagen.
Компанијата Moia, којашто е посебен огранок на концернот Volkswagen, специјализирана за новите видови на превоз, во средината на деценијава ќе започне со автономна услуга за Ridepooling во германскиот град Хамбург, со ID.Buzz управуван од вештачка интелигенција. Станува збор за возило за превоз на патници коешто се движи самостојно и се повикува преку апликација до местото на коешто се наоѓа корисникот.
Развојот веќе започна и во текот на летово се планира првите прототипи врз база на идниот сериски модел ID.Buzz, кои се движат самостојно, да почнат да се тестираат на аеродромот во Минхен. Софтверот и техниката за автономното возење од 4-то ниво се дело на огранокот Volkswagen Комерцијални возила. Целта е автономната верзија на ID.Buzz да започне со комерцијална примена по 2025 година, во јавен превоз и во достава на пратки.
Volkswagen Комерцијални возила во својот автономен ID. BUZZ ќе користи лидарска-техника од Argo AI, којашто препознава предмети на оддалеченост до 400 метри
Во рамките на Volkswagen Комерцијални возила е основана посебна група чијашто цел е технологијата од американската компанија Argo AI да се интегрира во ID.Buzz. Американците веќе ја вградија технологијата во првиот прототип и сега почнуваат со нејзино тестирање и во Германија.
















