Електричниот Фолксваген ИД.2 ќе дојде навреме

Премиерата на концептното возило ИД.2ол. Фолксваген ќе го отпочне нападот со овој модел во 2026 година.

Прво светска премиера во 2025 година, а една година подоцна и почеток на производството на евтиниот електричен автомобил на Фолксваген. Пред ИД.2, со продажба ќе стартува автомобил од друга марка од концернот, со истата техника.

Фолксваген ќе го понуди ИД.2 како градски електричен автомобил по достапна цена и со тоа ќе ѝ возврати на конкуренцијата. Наспроти гласините, Волфсбург ќе го пушти новиот модел во продажба во планираниот рок.

„Сериската изведба на шоу-автомобилот ИД.2ол ќе биде претставена како што се планира, кон завршетокот на 2025 година, за потоа да почне со продажба во 2026 година, по цена под 25.000 евра. Во 2026 година исто така ќе бидат претставени сериските изведби на ИД.2ол СУВ, како и на ИД. ГТИ Концепт“, соопштуваат од компанијата.

Почетокот на производството на моделската серија треба да се случи според планираното, рано во 2026 година. Тоа го најави и шефот за развој Кај Гриниц, во кулоарите на саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, по одржаната конференција за печат на Фолксваген.

Според тоа, сé е по план. Претходно се појави објава во еден медиум, според којашто производството на новиот модел требало да стартува дури во мај 2026 година. „Наспроти медиумските објави што информираат погрешно, нема да дојде до одложување на сериската изведба на шоу-автомобилот ИД.2ол“, соопштуваат од Волфсбург.

Фолксваген првпат го прикажа концептот ИД.2ол во почетокот на минатата година. Во 2026 година, на пазарот ќе се појават четири модели од концернот Фолксваген што ќе ја користат истата платформа: Две верзии на ИД.2, како и по еден модел од Купра и од Шкода. Прв стартува моделот на Купра.

Мал електричен автомобил за помалку од 25.000 евра во моментов важи како „светиот грал“ во автомобилската индустрија. Кој ќе успее да се пробие во овој сегмент, ќе освои голем дел од пазарот и многу купувачи, ценат аналитичарите.

Ситроен неодамна го претстави моделот е-Ц3, којшто за неколку месеци ќе биде достапен по цени почнувајќи од 23.300 евра. Рено исто така стартува во 2024 година со електричен Р5. Дури и шефот на Тесла најави малечок модел што ќе се произведува во фабриката во близина на Берлин.

Фолксваген ИД.7 во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Volkswagen ID.7 Pro

Претходна објаваЛанчиа Ипсилон се продава само на еден пазар, постигнува како за десет
Следна објаваМерцедес разви гласовен асистент што се однесува како „партнер за дијалог“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here